Г.г. Стефан: Со изградбата на „Свети Константин и Елена“ се надминавме себе си

September 28, 2025
2 mins read

Со изградбата на овој семакедонски, сеправославен храм се надминавме себе си. Овој нов молитвен дом со неверојатна убавина нека биде уште еден сведок дека нашиот народ продолжува да биде црквоградител и дека Македонија продолжува да биде земја храм, земја манастир и земја крст, рече архиепископот Охридски и Македонски г. г. Стефан по денешното осветување на црквата „Свети Константин и Елена“ во центарот на Скопје.

Церемонијата почна утрово во 8:30 со ѕвонење на камбаната и траеше околу три часа. Присуствуваа голем број верници, почитувачи на Македонската православна црква (МПЦ), премиерот Христијан Мицкоски, министри и други високи владини претставници, лидери на политички партии, градоначалници, академици, универзитетски професори, стопанственици, монаси, монахињи,…

-Овој храм убавец е радост за сите сетила и со него добиваме уште едно место во кое земјата се сретнува со небото и во кој временото станува вечност, а светите Константин и Елена на кои им е посветен овој молитвен дом, заслужуваат ваква убавина. Но, убавината на храмот не е цел сама по себе, таа, пред се, е водич кон Бог. Архитектурата, фрескописот, иконостасот и црквата служат за да ни помагаат да ги издигнуваме нашите срца кон небесните висини. Молитвените домови не се прават за да ја покажуваме нашата слава, туку за да бидеме близу до Бога, врвејќи го патот на прочистувањето на срцето и просветлувањето на умот. Затоа, не е доволно да ги осветуваме само храмовите, туку треба и ние себе си да се осветуваме во нив, не е доволно да се воодушевуваме на нивната убавина, туку треба и ние да ги разубавуваме нашите души во нив, потенцира г.г. Стефан.

Според него, храмот е местото во кое се крштеваме и венчаме, местото во кое се замонашуваме и ракополагаме и во кое се служат богослужби, но најмногу е место во кое се служи светата литургија.

-Ова здание ќе биде нем сведок ако не се исполнува со живи души. Изградивме храм со неверојатна убавина, но она што е најубаво во него е тоа што денес е исполнет со народ. Ќе повторам и сега, најубав храм е оној што е исполнет со верен народ, а денес, верувам, нема поубав храм од овој нашиов, па нека биде постојано така, да доаѓаме во храмот на секоја литургија и во секоја прилика за во осама да му се помалиме и да му заблагодариме на Бог, да го наоѓаме мирот и спокојот кој доаѓа одозгора. Да бидеме храмови што не можат да се урнат, храмови на вечниот живот, подвлече архиепископот Охридски и Македонски.

Свечен чин, голема работа за православен народ, требаше да има црква во центарот на градот, се само некои од реакциите на граѓаните за храмот „Свети Константин и Елена“ кои освен што ја следеа церемонијата на осветувањето, имаат можност и да запалат свеќи.

-Ова е навистина голем чин, по толку години да се изгради овој храм. Здравје, среќа и многу љубов би посакал за сите на овој свечен ден, кога ја осветуваме црквата „Свети Константин и Елена“. Граѓаните ќе можат да дојдат тука во секое време, значењето е преголемо, одамна сакаме да биде отворен овој молитвен дом, за нас верниците ова е навистина мноу значајна работа, рече еден од собраните верници.

По завршувањето на осветувањето, беше соопштено дека МПЦ му доделува Орден на Св Климент Охридски од прв ред на ктиторот Сашо Костовски и неговото семејство, за финансиска помош со која беше доградена црквата.

Осветувањето, освен внатре, граѓаните имаа можност да го следат и надвор од црквата каде беа поставени два големи видео бима. Церемонијата се снимаше и со дрон.

На церемеонијата меѓу присутните беа и министрите Панче Тошковски, Гордана Димитриеска Кочоска, Стефан Андоновск и Весна Јаневска, а присуствуваше и лидерот на СДСМ Венко Филипче.

Изградбата на храмот почна во 2012 година и траеше 13 години. Работите беа интензивирани во 2024 година со што се комплетираа внатрешното уредување, надворешноста и околкниот простор.

Извор: kurir.mk

VERO JUMBO MACEDONIA

EVN MACEDONIA

AUTO SHKOLLA BEKO

MATINA DENTAL CLINIC

Претходно

Милионски зделки на Ахмети со Мијалков и Вучиќ, обвинува ВЛЕН

Следно

Инстаграм воведе нов формат за „reels“: Ја пробавте ли оваа опција?

Latest from Blog

ФОТО+ВИДЕО: Фреди Меркјури на колекционерски монети од британската Кралска ковница

Британската Кралска ковница издаде монета со ликот на Фреди Меркјури, којашто „ќе му значела сè на светот“, според зборовите на сестрата на легендарниот пејач на „Квин“. Монетата, одобрена од „Меркјури сонгс лимитед“,

(ФОТО) Царинска Управа заплени поголема количина стока меѓу кои фотоапарати и М-ТАГ апарати

Во текот на минатите две недели, од страна на мобилни царински тимови откриени се повеќе обиди за криумчарење разна стока, при што привремено се задржани: – 2 употребувани фотоапарати SONY и CANON

Штрајк на вработените во грчката железница

 Вработените во грчката железница, како и машиновозачите започнаа 24-часовен штрајк со што во текот на денешниот ден ќе сообраќаат само мал број возови со изменет возен ред, а во прекин ќе бидат

Јамал и Реал Мадрид се најомразени во Шпанија

ФОТО: FC Barselona/X Социјалните мрежи, за жал, продолжуваат да бидат плодна почва за луѓе кои ги изразуваат своите најмрачни чувства. Спортот е јасна цел за овој тип корисници, кои постојано ја излеваат

Трамп воведува приоритетни визи за навивачите што доаѓаат на Светското првенство во 2026 година

Администрацијата на американскиот претседател Доналд Трамп објави нова иницијатива за странски државјани кои планираат да патуваат во Соединетите Држави за претстојното Светско првенство, што ќе им овозможи побрзо да закажат интервјуа за
Go toTop