Фудбалски скандал со обложување во Италија – пристигнаа строги казни

October 3, 2025
1 min read

Напаѓачот на Бари, Џузепе Сибили (29), е обвинет за обложување на натпреварите на својот тим и се соочува со 16-месечна забрана за активно играње фудбал. Дополнително, тој ќе мора да плати и парична казна.

Сибили беше редовен играч во новата сезона, играјќи шест натпревари за Бари во сите натпреварувања, а сега ќе биде надвор од тимот до крајот на сезоната.

Враќањето на Сибили на теренот не се очекува до почетокот на 2027 година.

Секако, фудбалерот има право на жалба, но во такви ситуации казните се јасни, а италијанските медиуми пишуваат дека напаѓачот на Бари можел само да ја намали казната, но не и 16-месечната суспензија.

Џузепе Сибили пристигна ова лето на позајмица од Сампдорија, а пред Бари и Сампдорија го носеше дресот на Пиза и Албинолефе.

Извор: vecer.mk

VERO JUMBO

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

Претходно

Џевдет Хајредини иронизира со АКИ: Дале БЕСА оние што не зборуваат меѓу себе!

Следно

Пукотница во центарот на Атина- рането едно лице, полицијата трага по извршителите

Latest from Blog

Поранешни противници бараат помош од австралиската влада поради здравјето на Имран Кан: Ќе умре во затвор

Вчера, седум поранешни австралиски капитани во крикет ја повикаа министерката за надворешни работи на земјата, Пени Вонг, да интервенира дипломатски во врска со продолжениот притвор на поранешниот пакистански премиер, изразувајќи загриженост за
Go toTop