Фрлена бомба во Косовска Митровица, во експлозијата повредени две лица

January 16, 2024
1 min read

Две лица се повредени во Косовска  Митровица откако експлозивна направа, најверојатно рачна бомба, била фрлена во близина на еден од угостителските објекти, на раскрсницата кај Техничкиот факултет.

Информацијата за КоССев ја потврди заменик-командантот на косовската полиција за северниот регион, Ветон Ељшани.

– Вечерва околу 23 часот и 50 минути во близина на хотелот „Бишевац“, на улицата „Књаза Милоша“ во Северна Митровица експлодирала сомнителна рачна бомба. Од експлозијата се оштетени седум возила, а две лица се повредени. Едно лице е со тешки телесни повреди, но е надвор од животна опасност. Надлежни полициски единици се на лице место и се занимаваат со случајот“, вели Ељшани.

Бојан Вучиниќ, лекар во КБЦ Косовска  Митровица, изјави дека околу полноќ бил примен маж со повеќе повреди предизвикани од експлозивна направа, а Косово онлајн пренесува дека пред болницата има припадници на косовската полиција.

Припадници на ЕУЛЕКС и КФОР биле на лице место, а истрагата е во тек, јавува Н1.

Извор: 24vesti.mk

MARKETING

MARKETING

Претходно

При превртување на автобус во Туркије загинаа девет лица, 30 се повредени

Следно

Слаб снег на Шапка и во Маврово, магла во Крушево

Latest from Blog

Мицкоски: Утре е убав и голем ден за Македонија

Премиерот Христијан Мицкоски на својот Фејсбук профил истакна дека утре е убав и голем ден за Македонија и за нејзиниот развој и безбедност. Тој објави и фотографија од заедничката вечера европските лидери

Каранфилова Пановска во 24 анализа: Македонија е со блокиран европски пат

Заменик претседателката на СДСМ, Фани Каранфилова Пановска во 24 анализа рече дека СДСМ со сите свои каапцитети стои на располагање за да помогне за одблокирање на процесот на пристапување во Европската Унија.

Завршени антитерористичките проверки, лажна е пријавата за бомба во „Јане Сандански“

Денеска (15.05.2025) во 18.49 часот непознато лице телефонски се јавило во СВР Скопје и рекло дека во салата “Јане Сандански” во Скопје, каде вечерва беше закажан музички концерт, има поставено бомба. Веднаш

Том Круз во Кан емотивно го одјави своето натамошно учество во „Невозможна мисија“

Том Круз во Кан емотивно се одјави од „Невозможна мисија“. Во осмиот и, како што тој емотивно рече, последен филм (засега) во спектакуларната франшиза акционен трилер „Невозможна мисија: Последната пресметка“ (Mission: Impossible
Go toTop