Фриленсерката Александра Дуковска демантира, Гоце Делчев мене ме нападна

August 6, 2023
1 min read

Фриленсерката (слободен новинар) Александра Дуковска бара да се почитува и нејзината вистина негирајќи дека прва го нападнала претседателот на Независниот полициски синдикат, Гоце Делчев. Таа во својот допис демантира дека физички атакувала врз Делчев, и бара извинување за изнесените невистини упатени на нејзина адреса.

„Дали викање помош, помош е некаков напад или се плашите дека ќе Ви го ревидирам статусот на новинари? Од видеото се гледа дека човекот кој уредно беше снимен, пренесен со став, ме удира. Од Вас како иницијатива медиумска, а дали сте или не, тоа други нека Ве оценуваат, очекувам јавно извинување за нанесување и изнесување на клевети“,

пишува таа во реакцијата, жалејќи се дека не била побарана за да се чуе и нејзината верзија.

Дуковска тврди дека веќе подолго време е цел на физички и вербални напади. Вели дека ги алармирала обвинителството и полицијата, но на нејзините укажување ниту една од институциите не реагирала.

Таа во дописот прашува кои официјални лица и новинари се пожалиле од неа, иако во една од точките во преписката самата пишува дека ја коментираат колеги новинари и лица кои таа лично не ги познава.

Реакции од новинари и медиумски работници по вчерашниот инцидент (имињата се затскриени од колегијални причини)

Таа има забелешка и за новинарската работа и за начинот на кој е презентиран нејзинот ангажман како фриленсер и сопственик на јутјуб канал.

„Јавниот простор е отворен за граѓанско новинарство, кога медиумскиот голем простор е затворен за образовани лица. Од што се плашите? Од индивидуална иницијатива без корупција?  Од индивидуална новинарска работа?“,

пишува Дуковска.

Во дописот, таа потврдува дека не е член на Здружението на новинари на Македонија, објаснувајќи дека не може да биде член на оваа организација поради името. Потсетуваме дека причина за вербалниот конфликт со министерот за економија Крешник Бектеши беше нејзината забелешка дека тој не го користи уставното името на државата.

Инаку, претседателот на Независниот полициски синдикат Гоце Делчев вчера објави фотографии на кои се забележува дека претрпел полесни повреди. Тој се пожали дека бил нападнат од агресивна новинарка.

„Додека во цел свет новинарите се тие кои се напаѓани, во Македонија, агресивнa новинаркa го нападна претседателот на Независниот синдикат на полицијата. Го губи ли некој трпението и со физички напад се обидува да го заплашат независното синдикално постоење“,

напиша Делчев на својот фејсбук-профил.

ИЗВОР: 360stepeni.mk

Leave a Reply

Your email address will not be published.

VERO JUMBO MACEDONIA

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

Претходно

Водниот бран од Словенија се движи накај Хрватска, во опасност е Загреб

Следно

Коло Муани ќе потпише за ПСЖ

Latest from Blog

Правните лица „Класик ДМ“ и „ММММ“ ја плаќале фирмарината за „Пулс“

На денешното рочиште за пожарот во кочанската дискотека „Пулс“, Дејан Рашков, раководител на општинскиот Сектор за финансии, изјави дека уплатите за лиценца и фирмарија не биле извршени директно од дискотеката, туку преку

Судење за „Пулс“: Општината алармирала за несоодветна намена на објектот

На денешното рочиште за случајот „Пулс“, сведокот Драги Илиевски изјави дека Општина Кочани реагирала за намената на објектот и побарала да се спречи негово користење како дискотека. Тој појасни дека објектот се

ЈКП Комуналец – Прилеп: Продолжуваат активностите за уредување на јавните површини

Екипите на ЈКП Комуналец Прилеп извршија поправка на оштетените куќарки во паркот кај Основниот суд Прилеп, еден од најпосетените паркови во градот. Станува збор за простор кој важи за едно од омилените

Борче Димитровски: ОУ „Даме Груев“ добива современи спортски игралишта

Со стартот на новата градежна сезона, започна реализацијата на уште еден значаен проект во Битола – изградба на спортски игралишта во дворот на ОУ „Даме Груев“. Како што информираше секретарот на Општина
Go toTop