Францускиот институт во Скопје најавува театарски спекаткл по повод одбележувањето на 50-годишнината од своето постоење

September 30, 2024
1 min read

По повод одбележувањето на 50-годишнината од своето постоење, Францускиот институт во Скопје, во тесна соработка со манифестацијата „Бела ноќ“, има чест да ве извести и да ве покани на извонредна претстава на отворено со улично дефиле, „Сонот на Ербер“, во изведба на француската театарска трупа „Кидам“ (La Compagnie des Quidams), која има од 100 до 150 настапи годишно низ целиот свет.

Настанот ќе се одржи в сабота 5 октомври 2024 година, со почеток во 20:00 часот.

Настапот на француската театарска група започнува со дефиле со место на поаѓање од пред Музејот на град Скопје, во 20:00 часот, а потоа продолжува низ улица „Македонија“, преку Камениот мост, до плоштадот „Карпошово востание“, каде што ќе се одржи финалето на претставата во 20,30 часот.

Пет обемни фигури, високи 4 метри, на познатата театарска група од Франција, низ волшебна музика, ќе изведат магичен ритуал преку кој ќе ѝ овозможат на една ѕвезда да се издигне на небото…

Претставата е наменета за сите возрасти.

На крајот на настапот на гостите од Франција, на фасадата на „Ибни Пајко“, ќе биде прикажан видео-мапинг на македонскиот визуелен уметник Емил Петро, насловен како „Франција во светлина“, во чест на 50 години Француски инситут во Скопје.

Прославата на 50-годишнината е поддржана од пријателите на Францускиот институт во Скопје: Град Скопје, Универзална Сала, Скопје – град на културата 2028, Ист Гејт Мол, Зегин, Тиквеш, Пежо-Еуроимпекс, Публицис, Скопје Сити Мол и Биотек.

ИЗВОР: racin.mk

VERO JUMBO MACEDONIA

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

Претходно

Унгарија и Словачка се единствени од ЕУ, што не се на листата непријателски земји на Русија, Македонија е меѓу непријателските

Следно

Тага во НБА: Почина легендарниот Дикембе Мутомбо

Latest from Blog

Ватикан бара од Трамп итно запирање на воените дејствија во Иран

Државниот секретар на Ватикан, кардиналот Пјетро Паролин, денеска упати необично директен и остар повик до американскиот претседател Доналд Трамп за што побрзо завршување на војната во Иран, истовремено барајќи од Израел да

Средба на Сиљановска-Давкова со словачката европратеничка Мириам Лексман

Претседателката Гордана Сиљановска-Давкова ја прими Мириам Лексман, пратеничка во Европскиот парламент од Словачка, од групата на Европската Народна Партија. На средбата се разговараше за европската интеграција на државата, при што претседателката истакна
Go toTop