Франција: Во Марсеј се урна зграда, пожарот ги отежнува спасувачките операции

April 9, 2023
1 min read

МАРСЕЈ (АА) – Во уривањето на петкатна станбена зграда во францускиот град Марсеј ова утро повредени се неколку лица, а пожарот што избувна од експлозијата ги попречува спасувачките операции, пренесува Анадолу.

Засега не е познат точниот број на настраданите, а одделни локални медиуми пренесуваат дека смртно настрадале најмалку 5 лица.

„Се обидуваме да го изгаснеме огнот, а истовремено да ги заштитиме животите на лицата кои можеби се наоѓаат под урнатините“, рече Лионел Матје, командант на противпожарната бригада на Марсеј.

Големиот оган го оневозможува испраќањето на тимовите со кучиња за потрага.

Повеќе од 100 пожарникари се обидуваат да го изгаснат пожарот под огромните урнатини. Акцијата за спасување тече бавно и деликатно, а цел е да се заштитат пожарникарите и лицата кои потенцијално се заробени.

„Пожарникарите од минута во минута прават процена на најдобриот начин за гаснење на пожарот“, рече градоначалникот на Марсеј, Беноа Пајан.

Пајан изјави дека две соседни згради се делумно урнати и дека една од нив е во опасност и таа да се урне, што претставува двоен предизвик. „Станарите се евакуирани, од кои шестмина се хоспитализирани“, информираше Пајан.

Урнатата зграда се наоѓаше во стар кварт во центарот на Марсеј, втор по големина град во Франција. Бучавата од експлозијата одекна и во другите населби. Блокирани се околните улици.

Градоначалникот Пајан изјави дека експлозијата е „веројатно“ причината за уривањето на зградата, но нагласи дека истрагата на крајот ќе ги утврди околностите.



На веб страницата на Anadolu Agency (AA) објавена е само дел од содржината на вестите од Системот на проток на вести (HAS)..

Извор: www.aa.com.tr

VERO JUMBO MACEDONIA

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

Претходно

На вториот ден од воените вежби, Кина симулираше напад врз Тајван

Следно

(ВИДЕО) По големиот пожар во Хамбург, издадено предупредување за отровен чад

Latest from Blog

Ирански медиуми тврдат дека новото видео на Нетанјаху е направено со вештачка интелигенција

 Иако најновото видео од израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху, во кое тој посетува кафуле, требаше да ги побие гласините за неговата смрт или повреда, се покажа дека е лажно и генерирано од вештачка

„Да споменуваме дека имаме чета ангели на небото и да се гордееме што ги имавме со нас“

Помина една година, а раните не само што не се затвораат туку стануваат подлабоки и пострашни. Годината што измина само успеа да го соочи Кочани со страшната вистина дека засекогаш ги нема.

Една година од трагедијата во Кочани

Една година по пожарот во дискотеката „Пулс“ во Кочани, во кој на 16 март 2025 година загинаа 63 лица, градот и семејствата на жртвите и понатаму живеат со болката од најголемата трагедија
Go toTop