Франција ја затвори вратата за Зинедин Зидан

March 26, 2024
1 min read

Претседателот на Француската фудбалска федерација, Филип Диало му ја затвори вратата на Зинедин Зидан. Менаџерот нема да ја води репрезентацијата најмалку до 2026 година. Ова станува јасно од изјавата на фудбалскиот функционер.

Во интервју за локалното издание Le Figaro, Филип Диало гарантира дека без разлика на настапот на „петлите“ на Европското првенство во Германија летово, позицијата на селекторот Дидие Дешан останува забетонирана.

Поранешниот менаџер на Олимпик Марсеј, Дешан, потпиша продолжување на договорот по поразот на Франција во финалето на Светското првенство од Аргентина во Катар. Новиот договор е до 2026 година.

Во последните години името на Зинедин Зидан често доаѓаше во прв план како евентуален селектор на француската репрезентација.

-Зинедин Зидан е една од легендите на францускиот фудбал. Ние сме должни да покажеме признание за сето она што тој го придонел за францускиот народ. Но, има и друга работа, а тоа е дека го имаме најдобриот тренер во францускиот фудбал до 2026 година. Тоа е се што треба да се каже, категорично објави Диало.

Зинедин Зидан е невработен од 2021 година, откако го напушти Реал Мадрид.

Извор: kurir.mk

VERO marketi

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

Претходно

Приватните специјализанти ќе протестираат пред Здравство: Покачување на месечниот надоместок…

Следно

Нов бран поскапувања по изборите

Latest from Blog

Амбасадорката на САД Никол Варнс во прва официјална посета на Општина Битола

Градоначалникот на Битола Тони Коњановски и секретарот на општината Борче Димитровски денеска имаа средба со Никол Варнс вршителка на должноста амбасадорка во Амбасадата на САД во Македонија, која е во прва официјална
Go toTop