Франција го осуди убиството на вработен во нивното МНР во израелски воздушен напад на Газа

December 17, 2023
1 min read

ПАРИЗ (АА) – Франција го осуди убиството на вработен во Министерството за надворешни работи на таа земја во израелскиот воздушен напад на Појасот Газа, пренесува Анадолу.

„Вработен во министерството им подлегна на повредите здобиени во израелскиот воздушен напад на Рафа, на југот од Појасот Газа“, соопшти Министерството за надворешни работи на Франција.

Жртвата била сместена во куќата на колега од францускиот конзулат, која е бомбардирана во средата вечер. Во нападот беа убиени повеќе од 10 лица.

„Нашиот колега работи за Франција од 2002 година. Франција го осудува бомбардирањето на згради кое предизвика и неколку други цивилни жртви“, истакнаа од француското МНР, изразувајќи сочувство на семејството на загинатиот.

– Израелски напади на Појасот Газа

Израел започна немилосрдни воздушни и копнени напади на Појасот Газа со неселективно бомбардирање на цивилни населби, станбени објекти, џамии, цркви и болници по неочекуваниот напад од страна на Хамас на 7 октомври.

На 24 ноември, во 07:00 часот по локално време, стапи на сила четиридневната хуманитарна пауза договорена меѓу Хамас и Израел, која потоа беше продолжена за уште три дена.

На 1 декември (петок), по завршувањето на хуманитарната пауза, израелската војска продолжи со своите интензивни напади низ Појасот Газа.

Од почетокот на израелските напади на Појасот Газа на 7 октомври досега се убиени над 18.800 Палестинци, а ранети се повеќе од 51.000 лица, објавија здравствените власти на палестинската енклава.

Меѓу убиените најмалку 8.000 се деца, а 6.200 се жени.

Официјалната бројка на загинати во Израел изнесува 1.200, при што, според зборовите на пилот на Израелските вооружени сили, можно е дел од загинатите Израелци да се жртва на примената на „Ханибаловиот протокол“ од страна на израелската војска.

„Ханибалова директива“ или „Ханибалов протокол“ е контроверзна процедура што ја користат израелските одбранбени сили (ИДФ) со цел да се спречи киднапирање на израелските војници од страна на непријателските сили. Според оваа директива, „киднапирањето мора да се запре со сите средства, дури и по цена на напад и елиминирање на киднапираните“. Овој протокол од страна на Израел е воведен во 1986 година.



На веб страницата на Anadolu Agency (AA) објавена е само дел од содржината на вестите од Системот на проток на вести (HAS)..

Извор: www.aa.com.tr

VERO JUMBO MACEDONIA

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

Претходно

Јунаци од бајки, цртани филмови и Дедо Мраз ги израдуваа дечињата од Детската клиника 

Следно

Повеќе од 60 мигранти се удавија во бродоломот во близина на брегот на Либија

Latest from Blog

Николоски: Почна историска надградба на аеродромот во Охрид

Денес започна сериозна реконструкција, надградба и проширување на охридскиот аеродром „Св. Апостол Павле“, што е прво вакво големо интервенцирање од неговата изградба. Вицепремиерот и министер за транспорт Александар Николоски истакна дека со

Клучното пристаниште на Путин гори (ВИДЕО)

Украинскиот напад повторно предизвика пожар во руското пристаниште Уст Луга на Балтичкото Море, објави регионалниот гувернер на Ленинградската област, Александар Дрозденко, во неделата на Телеграм. Руските сили соборија 36 дронови во регионот,

ЈО: Промена на јавен обвинител не ги одолговлекува постапките, внимателно и одговорно да се известува и коментира, особено за кочанската трагедија

По последните одлуки на Советот на јавни обвинители за избор на обвинители во ОЈОГОКК, Јавното обвинителство веќе ги презеде сите потребни чекори за да овозможи ефикасност и непречено водење на сите тековни

Преговарачката рамка нуди предвидливост, вели францускиот амбасадор Ле Риголер

Актуелниот геополитички момент е исклучително поволен за проширување на Европската Унија, но оваа историска можност мора да се искористи веднаш бидејќи светот брзо се менува, вели францускиот амбасадор во земјава Кристоф Ле
Go toTop