Франција: 157 лица приведени за време на протестите поради полициското убиство на тинејџер

July 3, 2023
1 min read

АНКАРА (АА) – Француската полиција приведе 157 лица во текот на ноќта на протестите низ земјата кои избувнаа поради убиството на 17-годишниот тинејџер од страна на полицијата минатата недела, објавија денес локалните медиуми, пренесува Анадолу.

Франција: Во Лион полицијата со солзавец растера екстремно десничарска група

Протестите траат низ Франција од 27 јуни, кога полицаец го застрела Нахел М. за време на сообраќајна контрола во париското предградие Нантер, откако тој ги игнорирал наредбите да запре.

Протестите, што започнаа во Нантер, следната вечер се проширија и во други градови, меѓу кои се и Лион, Тулуз, Лил и Марсеј.

Тензиите се зголемија по судирите меѓу полицијата и демонстрантите.

Полицијата уапси стотици лица од избувнувањето на насилните протести, вклучително и 157 лица во шестата ноќ на немири, објави дневниот весник „Фигаро“.

Повеќе од 350 пожари се подметнати на јавни патишта и опожарени се 297 возила, се додава во извештајот.

Градоначалниците во Франција повикаа на собир денес пред сите градски сали низ земјата за да искажат поддршка на Општината Ле Хеј-ле-Роуз, каде што резиденцијата на градоначалникот Винсент Жанбрун беше цел со запалено возило во саботата вечерта.

Претседателот Емануел Макрон денес ќе биде домаќин на претседателите на Сенатот и Националното собрание за да разговараат за најновата ситуација, а утре ќе се сретне со градоначалниците на градовите каде што се случија акти на насилство.

Министерот за внатрешни работи Жералд Дарманин денес на Твитер објави за смртта на 24-годишниот пожарникар кој загинал додека работел на гаснење на пожарот на паркинг во париското предградие Сен Дени.



На веб страницата на Anadolu Agency (AA) објавена е само дел од содржината на вестите од Системот на проток на вести (HAS)..

Извор: www.aa.com.tr

VERO JUMBO MACEDONIA

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

Претходно

Лапорта: Се сретнав со бизнисмен од Катар кој е заинтересиран да вложи во Барселона

Следно

(ВИДЕО) ФСБ: Спречивме атентат на градоначалникот на Крим, планирале да му го кренат автомобилот во воздух

Latest from Blog

Средношколците влегуваат во светот на бизнисот: започна „Бизнис предизвик за средношколци 2026“ со парична награда за старт-ап бизнис

Со учениците од СУГС „Никола Карев“ Скопје денеска започна националниот проект и хакатон-серијал „Бизнис предизвик за средношколци 2026“ образовна иницијатива што ги поврзува средните училишта со реалниот бизнис-сектор и им овозможува уште во

Почнува проектот Forest Fire Struga, финансиран во рамки на Механизмот за цивилна заштита на Европската Унија

Почетен настан од проектот Forest Fire Struga (FFS) ќе биде организиран денеска во Скопје, соопшти Дирекцијата за заштита и спасување која е координатор на проектот. -Проектот Forest Fire Struga (FFS) е финансиран
Go toTop