Франц Лустиг: Со Вим Вендерс ги прикажуваме градовите онакви какви што се во моментот, на тој начин ги зачувуваме

September 27, 2023
2 mins read

Филмот „Совршени денови“ на Вим Вендерс беше синоќа беше прикажан во рамките на официјалната селекција Камера 300 на ИФФК „Браќа Манаки“, а кинематограферот на филмот Франц Лустиг денес одговараше на новинарски прашања и откри детали за работата на филмот, изборот на локациите…

Снимав со камера од рака бидејќи така ги правам најдобрите кадри. Сметам дека статичната камера го губи контактот меѓу актерите и кинематограферот бидејќи треба да гледам на монитор, рече Лустиг.

Со камерата од рака светлината некако се впива во кадарот и тоа може да се види на филмот.
Од 1994 година Франц работи како директор на фотографија за реклами и музички видеа со некои од водечките режисери ширум светот, како Сем Браун, Гери Фридман, Сајмон МекКуид, Стјуарт Мекинтајр, Џонс и Тино, Мартин Амунд, Томас Јонсгарден, Начо Гајан, Даниел Клајнман, Ринган Ледвиџ, Тарсем и Ралф Шмерберг.


Во поглед на музиката во филмот рече дека најголем дел од песните во филмот биде додадени отпосле бидејќи бил мошне сложен и тежок процесот со добивање на авторските права. Според тоа како ги движи усните биле избрани други и дополнети.

Песната на Нина Симон навистина ја пееше и тоа беше најтрогателниот момент. Плачевме додека снимавме, раскажа Лустиг.

Соработува со режисерот Вим Вендерс на три долгометражни филмови: „Земја на изобилството“, за кој ја освои наградата „Најдобра камера“ на Германските филмски награди; „Не доаѓај чукајќи“, за кој го заслужи признанието „Најдобар европски кинематографер“ во 2005 година; и „Пукање во Палермо“ од 2007 година.

Додека снимаме Вим секогаш ги прикажува градовите онакви какви што се во моментот. На тој начин ги зачувува, бидејќи ако по 20 години одите во Палермо или во Токио сигурно тие нема да изгледаат исто. Но, со нашите филмови тие остануваат зачувани, рече Лустиг.

Неговата документарна работа е исто така важен сегмент во кариерата за него и ги вклучува филмот „2 или 3 работи што ги знам за него“ на Малте Лудин за животот и смртта на нацистичкиот татко на Лудин и документарниот филм „Танц за сите“ од 2008 година. Во 2012 година, Франц ја доби наградата Мобиус за „Најдобар кинематографер“.
Од селекцијата на кратки филмови, денеска беше претставена кинематограферката Сташа Букумировиќ, чиј филм „Нека цвета росно цвеќе“ беше вчера прикажано на 44. ИФФК „Браќа Манаки“. Станува збор за патување на една жена која во текот на патувањето ќе развие љубовна врска.

Локациите се многу важни за овој филм, бидејќи сакав внатрешната емоција да ја доловам преку надворешните промени и тоа не беше толку тешко бидејќи во текот на снимањето се сменија сите четири годишни времиња во Црна Гора, раскажа Сташа.

Ерик Полума, кинематограферот на „Сончев часовник“ од документарната програма раскажа дека сценариото било мошне блиско на актерите и затоа не било сложено да се изведе.


Филмот „Трагата на дивечот“, за кинематограферката Бојана Андриќ бил шлаг на тортата, бидејќи е тоа периодот на седумдесеттите и за неа било многу инспиративно и направила истражување. Таа вели дека кинематограферите, особено кога се млади треба да ги прифаќаат сите искуства кои може да ги добијат, бидејќи има време за да избираат сценарија, за почеток за да научат да бидат кинематографери мора што повеќе да работата.

Јас кога бев млада работев и на сапуници, така го изострив чувството за снимање.

За Фестивалот „Браќа Манаки“ слушала од своите професори уште додека студирала.

Само најдобри зборови имаа моите професори за вашиот Фестивал. Оваа година има извонредно издание и посакувам нагорната линија да трае, рече Андриќ.

 

Republika.mk – содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

ИЗВОР: republika.mk

VERO JUMBO MACEDONIA

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

Претходно

Претрес во Скопје, запленета дрога, приведен дилер

Следно

Коцевски: Законот за амнестија ќе го блокираме, тоа е закон со кој се пуштаат криминалците на слобода

Latest from Blog

Денес е Преподобен Патапиј

Роден е е и воспитан во верата и во страв Божји во Тива Мисирска од благоверни родители. Рано ја увиде и ја презре суетата на овој свет и се оддалечи во Мисирската

Нештетно уништени 22,3 тони киви за преработка

Поради променети органолептички својства и утврдено присуство на ларви и инсекти, инспектор за храна на Агенцијата за храна и ветеринарство, неделава забрани увоз на киви наменети за индустриска преработка, соопшти Агенција за

Фото: Најбараната манекенка има ново момче? Тој е 18 години постар од неа

Познатата манекенка од кланот Кардашијан – Џенер, атрактивната Кендал е една од омилените членови на семејството Кардашијан Џенер, веројатно поради нејзиниот пристап кон животот и работата. 30- годишната Кенедел, за разлика од

Видео: Принцезата Леонор од Шпанија го направи првиот независен воен лет

Принцезата Леонор од Шпанија го направи својот прв самостоен лет како дел од воената обука на Општата авијациска и вселенска академија (AGA) во Сан Хавиер, каде што веќе четири месеци е на теоретска и практична обука
Go toTop