(ФОТО+ВИДЕО) Во црквата „Свети Спас“ денеска не може да се влезе, иако е дозволено движење на пешаци во околината

February 3, 2023
2 mins read

Полицијата ги одвраќа граѓаните што денеска сакаат да ја посетат црквата во која е сместен гробот на Гоце Делчев

Сообраќајот на тој потег е запрен, а движењето на пешаците, иако е ограничено, не е забрането

Улицата „Самуилова“ во подножјето на Скопско кале е блокирана за возила, но не и за пешаци, додека влез во црквата „Свети Спас“ е целосно забранет. Полициски сили се распоредени наоколу и ги одвраќаат граѓаните што сакаат да влезат во црквата. На улицата и на тесните сокаци низ чаршијата кои водат кон црквата е поставена метална ограда. Движењето во околината е ограничено, но е дозволено.

Засилените полициски мерки се во пресрет на утрешното чествување на роденденот на револуционерот Гоце Делчев, преземени поради тензиите во односите меѓу Македонија и Бугарија.

„Се чудам што се дигна фама од една нормална работа, чествување на Гоце Делчев. Полицијата ми рече дека после оградата е забрането да се влегува. Сакавме да видиме едноставно што се случува, читаме, гледаме на телевизија.

360°: Дали стравувате дека утре може да се случат инциденти?

Па, да богами се плашам, од убава работа, чествување, да се направи фешта. Сум била на гробот, но сакав сега да видам ако можеше да се влезе, но ете не може“,

вели жителка на Скопје.

Останатите минувачи што ги затекнавме како пеш поминуваат по „Самуилова“, на целиот настан гледаат од друга перспектива.

„Јас сум интернационален, не ме интересира ништо, само љубов“,

кратко прокоментира помлад жител на Скопје.

„Господ нека ни е напомош“,

рече друг граѓанин.

Под црквата „Свети Спас“, низ Старата скопска чаршија, ова е уште едно обично попладне. Чајџилниците се полни со гости, а угостителите велат дека уште не добиле насоки од полицијата дали утре ќе треба да воведат посебен режим на работа. Низ чаршијата ги затекнавме Белул и Ќамил – средовечни мажи од Скопје, кои апелираат утрешното чествување да биде достоинствено.

„Ништо не бидува на сила. Не треба полиција, кој ќе дојде треба да го почитува Гоце Делчев со срце. Не верувам дека ќе има инциденти, веќе луѓето знаат дека ништо не бидува со сила, туку само со човечност. Точно е дека има тензии меѓу двете држави, ама ќе помине и тоа. Им порачувам на сите да изразат почит како луѓе и ние да бидеме добри домаќини“,

вели Белул Сулејмани, жител на Скопје.

„Што да ви кажам. Ако бугарската страна го почитува Гоце Делечв, тоа не можеме да им забраниме, нека го почитуваат. А и нашиве нека ги пречекаат како што доликува, без тензии, демократски. Сум бил на гробот порано, сега не“,

рече Ќамил од Скопје.

Од МВР велат дека согласно проценките денеска не е дозволен влез во црквата, а во предвиден периметaр околу црквата има посебни полициски мерки кои ќе важат и утре.

Утре се одбележува 151 година од раѓањето на револуционерот Гоце Делчев. Во пресрет на чествувањето, државниот врв апелира да не се подлегнува на евентуални политички провокации од кои било политички субјекти.

Премиерот Димитар Ковачевски денеска порача дека на провокаторите нема да им се дозволи влез во земјава.

„Сите оние кое не се добронамерни, кои се провокатори, кои го негираат македонски народ и држава, тие нема да влезат во државава. Сакам да апелирам дека сите треба да бидеме обединети, горди и заедно да покажеме почит на великанот на македонската револуционерна борба“,

порача премиерот.

Министерот за внатрешни работи, Оливер Спасовски, повика да се деескалира состојбата што, како што вели тој, неодговорните политичари, групи и поединци сакаат да ја влошат.

„Нема да дозволиме никаква ескалација, инцидент или понижување на македонскиот народ и држава од никого. Тука се институциите на системот коишто функционираат и коишто мораат да ги обезбедат сите очекувања кои ги имаме. Сакам да упатам јасна порака до политичките субјекти и политичарите, да бидеме одговорни во овој процес. Бидејќи, неодговорноста не прави добро на граѓаните и државата, мирот и стабилноста е одговорност на секој еден од нас. Да се напушти таква реторика од разни ‘патриотски институти’ за тоа што можат да направат.Немојте како граѓани да подлегнувате на повик на било кои политички субјекти и да преземате надлежност на институциите“,

повика Спасовски.

ПОВЕЌЕ НА ОВАА ТЕМА:

(ВИДЕО) Османи ги повика граѓаните достоинствено и мирно да ја одбележат 151-годишнината од раѓањето на Гоце Делчев

ИЗВОР: 360stepeni.mk

Leave a Reply

Your email address will not be published.

VERO marketi

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

Претходно

Кој го нападна Северен тек?

Следно

Неутрализирани тројца терористи во подрачјето на „Штитот на Еуфрат“

Latest from Blog

Иран е подготвен за преговори со САД, но под еден услов

Во телефонски разговор со јапонскиот премиер Санае Такаичи, шефот на дипломатијата на Иран, Абас Арагчи, го повтори ставот на Техеран дека несигурноста во регионот произлегува од американските дејствија, пишува Скај њуз. Тој

Голема акција за пошумување на Готен: “Бучим” и ЈП “Национални шуми” засадија 5.000 садници на опожарените површини

Како дел од долгорочните активности за обновување на шумскиот фонд, „Бучим“ и ЈП „Национални Шуми“ на 25 април реализираа пошумување на Готен со 5000 садници. На планината Готен, над селото Јаргулица, на

Чеферин потпиша меморандум со КАФ

Фото: УЕФА Х УЕФА и КАФ потпишаа нов Меморандум за разбирање за поддршка на одржливиот развој на фудбалот на двата континента. Договорот ги нагласува заедничките водечки принципи на двете конфедерации, истакнувајќи ја

5000 САДНИЦИ НА ГОТЕН: „БУЧИМ“ И ЈП „НАЦИОНАЛНИ ШУМИ“ ЈА ОБНОВУВААТ ОПОЖАРЕНАТА ПОВРШИНА

Како дел од долгорочните активности за обновување на шумскиот фонд, „Бучим“ и ЈП „Национални Шуми“ на 25 април реализираа пошумување на Готен со 5000 садници. На планината Готен, над селото Јаргулица, на

УНИ Банка перпетуални обврзници, Комерцијална банка и Македонски Телеком со најголем промет, МБИ10 се намали на 9.940,70 поени (-0,18%)

Изготвен од Илирика Инвестментс АД Скопје врз основа на официјални податоци од Македонска берза. На трговската сесија од 30.04.2026 година, МБИ10 изнесуваше 9.940,70 поени и забележа пад од 0,18%, односно 18,32 поени,
Go toTop