(ФОТО+ВИДЕО) Катастрофален земјотрес во Турција: Урнати згради, 195 загинати, стотици повредени

February 6, 2023
2 mins read

Епицентарот на земјотресот бил на длабочина од 17,9 километри во Газиантеп и можел да се почувствува на оддалеченост од 300 километри

Земјотрес со јачина од 7,8 степени според Рихтеровата скала утрово во 04:17 часот по локално време ја погоди југоисточна Турција во близина на границата со Сирија, соопшти Геолошкиот институт на САД. Според првичните изјави на официјални лица во Турција и Сирија, бројот на загинатите е над 195 и се зголемува. Најмалку 900 луѓе се повредени. Во тек е голема спасувачка операција.

Епицентарот на земјотресот бил на длабочина од 17,9 километри во Газиантеп и можел да се почувствува на оддалеченост од 300 километри. Земјотресот бил почувствуван во голем дел од земјата како и во неколку земји во регионот, вклучително и соседна Сирија.

Сириските државни медиуми соопштија дека таму загинале повеќе од 100 луѓе, а десетици се повредени, повеќето во провинциите Хама, Алепо и Латакија, каде што биле урнати бројни згради.

Турските власти собраа спасувачки тимови и доставуваат авиони во регионот околу градот Кахраманмарас, додека прогласија „аларм на ниво 4“ што бара меѓународна помош.

Првите изјави на официјални лица сугерираа дека бројот на загинати е најмалку 23 во турската провинција Малатија, 17 во Шанлиурфа, шест во Дијарбакир и уште пет во Османије.

Локалните власти соопштија дека 16 објекти се урнале во Шанлиурфа и 34 во Османије.

Телевизиите ТРТ и Хабертурк прикажаа снимки од луѓе кои ги собираат остатоците од зградите, носат носилки и бараат преживеани во Кахраманмарас.

Сведоците на земјотресот велат дека ситуацијата е страшна.

„Многу е студено и врне снег во моментов. Сите се на улица, луѓето се збунети што да прават. Пред нашите очи, прозорците на зградата експлодираа поради последователните потреси. Се разбудивме и прашавме: Дали го чувствуваш ова? Погледнав во светилката, изгледаше дека ќе се урне врз нас. Штом го земавме мојот тригодишен внук, истрчавме надвор“,

вели еден од сведоците за Би-би-си и додава дека нивната зграда е оштететна, но, пет згради во близина се урнати.

Таа додаде дека сообраќајот во градот е пренатрупан бидејќи луѓето очајни се обидуваат да избегаат од зградите поради страв од последователни потреси.

Жителите на градот Пазарџик велат дека стравуваат за затрупаните под урнатите згради. Еден од сведоците вели дека силните потреси од земјотресот го разбудиле неговото семејство.

„Нашата куќа изгледа цврсто однадвор, но внатре има пукнатини. Околу мене има уништени згради, има згради кои пукаат. Зграда се урна на само 200 метри од местото каде што сум сега. Фала богу, нашите пријатели се безбедни, но слушнавме дека има луѓе кои не можат да излезат од своите домови и има луѓе до кои не можеме да дојдеме. Чекаме да изгрее сонцето за да го видиме обемот на земјотресот. Луѓето се сите надвор “,

рече тој.

Геолошкиот институт на САД извести за серија дополнителни земјотреси по првичниот потрес, кој беше со јачина од 7,8 степени. Земјотрес со јачина од 6,7 степени имаше во Газиантеп и уште еден од 5,6 во областа Нурдаг во градот.

Земјотресот со јачина од 7,8 степени според Рихтеровата скала што рано утринава ја погоди јужна Турција е еден од најсилните што земјата ги доживеала во повеќе од 100 години, соопшти Геолошкиот институт на Соединетите држави (USGS).

Подеднакво силен земјотрес со јачина од 7,8 степени според Рихтеровата скала ја погодил источна Турција во 1939 година, при што загинале повеќе од 30 000 луѓе.

Извор: 360stepeni.mk

VERO JUMBO MACEDONIA

EVN MACEDONIA

MARKETING

Претходно

Ердоган за земјотресот во Туркије: Заедно ќе ја надминеме оваа катастрофа

Следно

Близу 80 потреси по разорниот земјотрес во Турција, еве со која јачина се

Latest from Blog

На 16 септември и 2 октомври Албанија ќе ги отвори двете последни преговарачки поглавја со ЕУ

-На 2 септември, Албанија ја поднесе својата преговарачка позиција за следното групно поглавје, додека сега е официјално потврдено дека следната меѓувладина конференција за отворање на групното поглавје на „Зелената агенда“ ќе се

Тоневски најавува модерни индустриски и станбени зони за Пробиштип

Кандидатот за градоначалник на општина Пробиштип од редовите на ВМРО-ДПМНЕ, Тони Тоневски, во интервју за А1ОН отворено зборуваше како да се подобри секојдневието на граѓаните, кои проекти ќе бидат приоритет и што

Јаглики: Сè што треба да знаете за одгледувањето, но и употребата во градината, кујната и козметиката

Овие повеќегодишни растенија се популарни декорации на балкони и градини, а имаат и јадливи цвеќиња и лековити својства. Јагликите, или на латински Primula vulgaris, се меѓу најубавите и најраспространетите видови пролетни цвеќиња.

Мицкоски: Ја стабилизираме економијата, трговската размена во пораст

Најновите податоци го потврдуваат она за кое се залагаме – ја стабилизираме економијата, создаваме услови за економија која оди напред, граѓаните имаат повеќе работа, а трговската размена е во пораст, напиша премиерот
Go toTop