(ФОТО+ВИДЕО) Денешниот напад во Ерусалим го извршил 13 годишно момче

January 28, 2023
1 min read

Тринаесетгодишникот од источен Ерусалим отворил оган на влезот од археолошкиот музеј Давидов град во близина на Ерусалим. Во нападот се ранети татко и син, а малолетниот напаѓач бил убиен од страна на двајца цивили кои имале дозвола за употреба на оружје, а не бил ликвидиран од страна на полицијата како што претходно беше соопштено.

Нападот се случи помалку од еден ден по најсмртоносниот напад во градот од 2008 година. Вчера Палестинец уби седум лица пред синагога, а 10 лица беа повредени. Израелската војска денеска соопшти дека го зголемува бројот на војници во окупираниот Западен Брег каде што живеат претежно Палестинци.

Повредените со возило на итна помош се пренесени во болница во тешка состојба. Напаѓачот пукал со полу-автоматски пиштол, кој израелските служби го објавија на социјалните мрежи.

Инаку, вчерашниот инцидент дојде откако ден претходно, израелските сили убија девет Палестинци, вклучително и најмалку еден цивил, за време на воен напад во Џенин, градот на Западниот Брег, кој стана жариште на вооружениот палестински отпор. Во четвртокот вечерта, милитантите во Појасот Газа истрелаа најмалку 13 ракети врз Израел, што предизвика нови стравувања од пошироко насилство.

Инцидентот во Ерусалим наиде на остра осуда од американскиот Стејт Департмент, a го осудија и Европската Унија, Франција, Велика Британија и официјална Москва.

Извор: 360stepeni.mk

VERO JUMBO MACEDONIA

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

Претходно

Кои се најпознатите жители на Тафталиџе?

Следно

Три лица загинаа во поплавите во Нов Зеланд, во Окленд прогласена вонредна состојба

Latest from Blog

Германија е домаќин на преговори за прекин на огнот во Украина

Германија стана центар на дипломатските напори за постигнување прекин на огнот во Украина овој викенд, домаќин на американски и украински делегации за клучни разговори. Овие разговори претходат на самитот што ќе се

Катица Јанева излезе од „Идризово“, доби условен отпуст

Поранешната специјална јавна обвинителка Катица Јанева од понеделникот е на условен отпуст и го напушти затворот „Идризово“, откако издржуваше дел од седумгодишната затворска казна изречена во предметот „Рекет“, објави СДК. Како што

ЗК Пелагонија со „АгроЕкоСтаница“ ги отвора вратите за зелени вештини и паметно земјоделство

Центарот за обука на ЗК Пелагонија отвори уникатна можност за идните, но и за постоечките земјоделци, ученици и студенти да учат од реални примери, да предвидуваат ризици, да применуваат современи технологии и

Евровизија пропаѓа: Уште еден победник го враќа трофејот поради учеството на Израел (ВИДЕО)

Откако победникот на Евровизија 2024, Немо, јавно објави дека го враќа својот победнички трофеј на Европската радиодифузна унија (ЕБУ), друг победник на Евровизија одлучи да го стори истото. Тоа е ирскиот пејач
Go toTop