(ФОТО+ВИДЕО) Стампедо на стадионот во Салвадор, загинаа 12 лица

1 min read

Алијанц и Клуб Депортиво одиграа четвртфинален натпревар синоќа на стадионот Кускатлан ​​во главниот град Сан Салвадор

Најмалку 12 лица загинаа, а непознат број се повредени вчера во стампедо на фудбалскиот стадион во Ел Салвадор, објави салвадорската влада на Твитер.

Алијанц и Клуб Депортиво одиграа четвртфинален натпревар синоќа на стадионот Кускатлан ​​во главниот град Сан Салвадор.

Натпреварот беше прекинат откако изби стампедо во главниот дел на стадионот, кој има капацитет од повеќе од 44 000 навивачи.

Фото: EPA-EFE/MIGUEL LEMUS

„Салвадорската фудбалска федерација длабоко жали за настаните што се случија на стадионот Кускатлан. Исто така ја изразува својата солидарност со роднините на загинатите и повредените во овој инцидент“,

објавијаа властите на Твитер.

Извор: 360stepeni.mk

Претходно

Враќањето на Сирија во Арапската лига предизвика загриженост во Израел

Следно

Милошоски: Дискриминирање на југоистокот на Македонија од страна на власта треба да прекине и најдобрата можност граѓаните ја гледаат во изборите кои што ќе се случат

Latest from Blog