ФОТО+ВИДЕО: Сокрила 130 отровни жаби во куфер, се обидела да ја измами полицијата велејќи дека ги добила на подарок

January 31, 2024
1 min read

Неименувана бразилска државјанка била фатена на аеродромот во Богота додека се обидувала да прошверцува 130 отровни жаби преку граница.

Животните биле откриени во нејзиниот куфер, поточно во мали пластични садови и биле „дехидрирани и под стрес“, соопштија властите.

BOGOTA ENVIRONMENT SECRETARY

Жената планирала да отпатува за Сао Паоло преку Панама, а се обидела да се извлече од ситуацијата тврдејќи дека жабите ги добила на подарок од локална заедница во јужна Колумбија.

Полицијата вели дека секоја жаба може да достигне цена до 1.000 долари и дека е многу барана од приватните колекционери на меѓународниот пазар.

Арлекин жабите (Oophaga histrionica) се помали од човечки палец. Нивните жлезди произведуваат силен отров кој во минатото го користеле домородците за да ги обложат врвовите на ловечките стрели.

BOGOTA ENVIRONMENT SECRETARY

Отровот е доволно силен да убие мало животно, јавува Би-Би-Си.

Тоа е критично загрозен вид кој се наоѓа во тропските шуми долж брегот на Тихиот Океан помеѓу Еквадор и Колумбија, како и во други земји од Централна и Јужна Америка.

Секретарот за животна средина на Богота, Адријана Сото, истакнува дека казната за поседување на една од овие жаби може да достигне 14.300 долари.

Извор: kurir.mk

VERO JUMBO MACEDONIA

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

Претходно

Разводот на Весна Змијанац оставил последици врз Николија: Имам страв од напуштање и недоверба во љубовта

Следно

Тензично пред тетовското муфтиство

Latest from Blog

Николоски: Владата е посветена на долгорочна заштита на Охридското крајбрежје

Охридскиот регион, како светско културно и природно наследство со исклучителна универзална вредност, останува врвен национален приоритет. На средба во седиштето на УНЕСКО во Париз со Кондкер Мохамад Талха, претседател на 43-та сесија

Гастарбајтерите ја напуштаат Германија: „КРИЗА Е…“

Сè повеќе хрватски граѓани емигрираат од Германија, како што покажуваат официјалните бројки. Минатата година, повеќе од 20.000 хрватски граѓани ја напуштиле земјата, 11.000 повеќе од што емигрирале. Некои се вратиле во Хрватска,

Премиерот Мицкоски утре на увид во градежни активности на доградба на ООУ „Невена Георгиева-Дуња“

Утре 10.02.2026 година (вторник) во 11:00 часот претседателот на Владата на Република Македонија, Христијан Мицкоски ќе присуствува на увид во градежни активности на доградба на ООУ „Невена Георгиева – Дуња“ во Општина

Поранешен битен пратеник на ДУИ премина во редовите на Изет Меџити

Поранешниот пратеник на Демократската унија за интеграција, д-р Арбен Зибери, внук на првиот албански кандидат за премиер, Насер Зибери, одлучи да продолжи со своето политичко ангажирање со Изет Меџити. Семејството Зибери е

Поранешен влијателен пратеник на ДУИ му се приклучи на Меџити

Поранешниот пратеник на Демократската унија за интеграција, д-р Арбен Зибери, внук на првиот албански кандидат за премиер, Насер Зибери, одлучи да продолжи со своето политичко ангажирање со Изет Меџити. Семејството Зибери е
Go toTop