(ФОТО+ВИДЕО) Со молитва почна протестниот собир на МПЦ-ОА

June 29, 2023
1 min read

Со изведба на „Оче наш“, од 18 часот почна најавениот собир на МПЦ-ОА на платото на Соборниот храм „Св. Климент Охридски“ во Скопје.

На бината е поглаварот на Македонската православна црква – Охридска архиепископија (МПЦ-ОА), г.г. Стефан, заедно со членовите на Синодот на МПЦ-ОА, скопскиот надбискуп Киро Стојанов, како и академик Катица Ќулавкова.

Во дворот и околу Соборниот храм има голем број на граѓани кои даваат поддршка на протестниот собир на МПЦ-ОА.

Присутните носат знамиња со ѕвездата од Кутлеш, икони, крстови, транспаренти, а екипата на „360 степени“ регистрираше граѓанин со развиорено руско знаме.

Во Соборниот храм има приватно обезбедување, а надвор е присутна и полицијата.

Под мотото „Имаме должност“, МПЦ-ОА организира сенароден собир во знак на протест против предлог-законите за родова еднаквост и за матична евиденција за кои вели дека се сериозна закана за општеството.

Oд 17.00 часот, па сѐ до завршување на протестот за сообраќај ќе бидат затворени следните крстосници: бул. „Партизански одреди“ со бул. „ВМРО“ во правец кон Карпош, бул. „Партизански одреди“ со ул.„Франлкин Рузвелт“ во правец кон Центар, бул. „Илинден“ со бул. „Св.Климент Охридски“ во правец кон Соборниот храм и бул. „Св.Климент Охридски“ со ул. „Димитрије Чупоски“ во правец кон Соборниот храм.

Неколку часа претходно, епископот Јаков Стобиски, преку видеообраќање ги повика оние што ќе бидат дел од протестот да останат смирени и да не потпаѓаат на провокации од организации и луѓе кои, како што вели, перманентно и систематски го поткопуваат нашето општество и вредносен систем.

ИЗВОР: 360stepeni.mk

Leave a Reply

Your email address will not be published.

VERO JUMBO MACEDONIA

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

Претходно

Федералните резерви предвидуваат катастрофа на американските бизниси

Следно

Франција од вечерва воведува полициски час во регионот каде што избувнаа немири

Latest from Blog

Димитриеска-Кочоска: Нашиот фокус останува стабилен буџет и редовно сервисирање на обврските

20 март 2026 година, Скопје- Министерката за финансии Гордана Димитриеска-Кочоска во вчерашното интервју за Дневникот на Македонска радио-телевизија истакна дека во услови на глобална неизвесност се можни одредени корекции на буџетските проекции,

ЈКП Комуналец – Прилеп: Големиот пожар во Алинци целосно изгаснат по интензивна акција

Пожарот на депонијата во Алинци, кој се сметаше за еден од најголемите предизвикани од непознат сторител, е целосно изгаснат. Во текот на три дена, вработените од ТППЕ Прилеп, ЈКП Комуналец, Дирекцијата за

Божиновска и KfW разговараа за проекти кои ја зајакнуваат енергетската независност

Министерката за енергетика, рударство и минерални суровини, Сања Божиновска, оствари средба со новата раководителка на одделот за енергетика за Европа и Кавказ во KfW, Бабет Штајн вон Камиенски. KfW е еден од
Go toTop