(ФОТО+ВИДЕО) Масовни првомајски протести во Франција – во фокус пензиските реформи

May 1, 2023
1 min read

Француската полиција употреби солзавец на денешните судири со демонстрантите во Париз, Лион и Нант откако дел од нив искршија излози на продавници и банки. Поради судирите, во Париз се приведени 30 лица

Првомајскиот марш е продолжение на масовните демонстрации кои изминатиов период ја зафатија цела Франција по одлуката на францускиот претседател Емануел Макрон да ја зголеми старосната граница за пензионирање од 62 на 64 години

По повод Меѓународниот ден на трудот – 1 Мај, денеска низ цела Франција маршираа илјадници луѓе, на како што велат синдикалните организации, најголемите првомајски демонстрации во земјата во последните години.

Целта на синдикатите е овогодинешниот 1 Мај да влезе во историјата на земјата, а проценетата излезност на протестите е од 500 илјади до еден милион луѓе низ целата држава.

EPA-EFE/CHRISTOPHE PETIT TESSON

Француската полиција употреби солзавец на денешните судири со демонстрантите во Париз, Лион и Нант откако дел од нив искршија излози на продавници и банки. Поради судирите, во Париз се приведени 30 лица.

EPA-EFE/CHRISTOPHE PETIT TESSON

На синдикатите им се придружија активисти за правата на работниците и од други земји, активисти за заштита на животната средина и демонстранти кои се борат за економска правда. Протестираа и активисти кои се против Олимпијадата во Париз во 2024 година и нејзиното влијание врз општеството и животната средина.

Како дел од масовните протести, демонстрантите направија потсмевни ликови на Макрон и на министерот за внатрешни работи Жералд Дарманин.

Се палеа и човечки фигури со ликот на францускиот претседател.

Управниот суд во Париз денеска го потврди полицискиот декрет со кој на властите им се дозволува да користат дронови за време на првомајските протести во француската престолнина. Така, на француската полиција ѝ е одобрено да користи дронови за следење на толпата на протестите. Дел од активистите поднесоа жалба против овој потег, велејќи дека употребата на беспилотни летала на овој начин ги крши основните права.

Првомајскиот марш е продолжение на масовните демонстрации кои изминатиов период ја зафатија цела Франција по одлуката на францускиот претседател Емануел Макрон да ја зголеми старосната граница за пензионирање од 62 на 64 години. Синдикатите на оваа реформа гледаат како на закана за правата на работниците, додека Макрон тврди дека таа е неопходна за иднината на Франција.

Извор: 360stepeni.mk

MARKETING

MARKETING

Претходно

Бензема стана татко по четврти пат: Љубовницата му роди дете, а тој уште е во брак

Следно

Турскиот национален борбен авион ќе се вика „КААН“

Latest from Blog

Судот определи мерки за претпазливост за првата антикорупционерка!

Кривичниот суд денеска определи мерки за претпазливост за претседателката на Државна комисија за спречување на корупцијата (ДКСК), Татјана Димитровска. „Во однос на осомничената Т.Д. која доцна попладнево беше изведена пред судија на

Костадиновска-Стојчевска до Љутков: Имате важечки Колективен договор, немаше никаква причина да не ги пресметате платите

Пратеничката на СДСМ, Бисера Костадиновска-Стојчевска, на денешната собраниска седница посветена на пратенички прашања, упати прашање до министерот за култура  Зоран Љутков, кое се однесуваше на неисплатените плати, непочитувањето на колективниот договор за

Претседателката на ДКСК осомничена во случајот “Адитив” – барање за мерки на претпазливост

Претседателката на Државната комисија за спречување на корупцијата, Татјана Димитровска, е меѓу трите нови осомничени лица во проширената истрага за предметот „Адитив“, потврдија од Обвинителството. Како што се наведува, во рамките на

– Продолжува бунтот на културните работници – не прифаќаат пониска пресметка на плата

Културните работници незадоволни од доскорешниот нивни колега а сега министер за култура и туризам, Зоран Љутков. Голем број на директори по јавните установи од областа култура одбиваат да дадат задолженија за пресметка

Турскиот министер Фидан: Туркискиот свет ќе продолжи да стои покрај кипарските Турци

ИСТАНБУЛ (АА) – Турскиот министер за надворешни работи Хакан Фидан денес предупреди дека напорите за слабеење на односите меѓу Туркије и туркискиот свет ќе завршат со неуспех, јавува Анадолу. Говорејќи на заедничката
Go toTop