(ФОТО) Путин од парадата за Денот на победата: Против Русија се води вистинска војна

May 9, 2023
1 min read

Обраќајќи им се на војниците и на руската политичка елита на Црвениот плоштад, Путин рече: „вистинската војна е онаа против нашата татковина“. Рускиот претседател ги обвини западните елити дека ги поттикнуваат нациите едни против други, ги делат општествата, предизвикуваат крвави конфликти

ФОТО: EPA-EFE/GAVRIIL GRIGOROV / SPUTNIK / KREMLIN POOL

Рускиот претседател Владимир Путин го обвини Западот дека организира војна против Русија велејќи дека неговата земја сака мирна иднина и им се заблагодари на хероите на, како што ја нарекува, „специјалната воена операција“ на Русија во Украина.

„Нивната единствена цел е да го видат падот на нашата земја“,

рече Путин на парадата за Денот на победата на Црвениот плоштад во Москва.

Обраќајќи им се на војниците и на руската политичка елита на Црвениот плоштад, Путин рече: „вистинската војна е онаа против нашата татковина“. Рускиот претседател ги обвини западните елити дека ги поттикнуваат нациите едни против други, ги делат општествата, предизвикуваат крвави конфликти.

Тој додаде дека Русија сака мирна иднина и го обвини Западот дека сее омраза и русофобија.

Тој повторно ја спореди војната во Украина со Втората светска војна. Путин истакна дека е горд на војниците што учествуваат во, како што Кремљ ја нарекува, „специјална воена операција“ во Украина, и додаде дека тие се борат за безбедноста и иднината на Русија.

„Целата земја е обединета за поддршка на нашите херои. Се молиме за вас“,

им рече тој на војниците.

Путин пред војниците, кои стоеја пред него, меѓу кои имаше околу 500 што учествувале во руската офанзива во Украина, рече: „во моментов ништо не е поважно од вашата воена задача. Безбедноста на земјата денес зависи од вас, иднината на нашата земја и нашиот народ зависи од вас“.

Во својот говор рускиот претседател рече дека светот повторно е на пресвртница.

„Нема ништо во светот посилно од нашата љубов кон татковината. За нашата победа, Ура!“,

изјави Путин на крајот од своето обраќање.

По краткиот говор на рускиот претседател, илјадници војници продефилираа низ Црвениот плоштад.

Путин и другите присутни меѓународни лидери, вклучително и белорускиот Александар Лукашенко, положија венци пред гробот на непознатиот војник во Москва.

Денот на победата над нацистичка Германија е еден од најзначајните празници во Русија и секогаш е проследен со голема воена парада, но овогодинешната воена парада во Москва е многу помала од вообичаеното и се одвива под строги безбедносни мерки. Годинава го немаше воздухопловно шоу ниту по улиците продефилираа главните борбени тенкови, освен историскиот Т-34. 

Извор: 360stepeni.mk

VERO JUMBO MACEDONIA

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

Претходно

Фон дер Лајен во Киев: Украина е соодветно место за одбележување на Денот на Европа

Следно

Гвардиола: Лигата на шампионите речиси секогаш ја освојува Реал

Latest from Blog

Осомничениот за пукањето на Универзитетот Браун пронајден мртов

Осомничениот за масовното пукање минатиот викенд на Универзитетот Браун е мртов, изјави американски адвокат, додека властите истражуваат дали истото лице го убил професорот на Технолошкиот институт во Масачусетс (МИТ) два дена по

Терјаки лосос

Состојки (за 1 лице): 200 грама свеж лосос Маринада: 1 лажичка сусамово масло 1 лажичка кафеав шеќер 2 лажици соја сос 1 лажичка оризов оцет 1 чешне лук (рендан) 1 лажичка рендан

Мицкоски: Националната стратегија за развој е одговор на реалните предизвици со кои се соочува нашето општество и држава

Интегрален текст од обраќањето на премиерот Христијан Мицкоски на промоцијата на Нац. стратегија за развој на ИКТ СМАРТ/МК 2030 „Денес не промовираме само еден стратешки документ. Денес ја потврдуваме нашата решителност да

Англичаните му се закануваат на Абрамович:“Парите од продажбата на Челзи да им ги уплатиш на Украинците“!

ФОТО: Chelsea Football Club/FB Британскиот премиер Кир Стармер изјави дека рускиот олигарх Роман Абрамович мора веднаш да го исполни своето ветување да искористи 2.500.000.000 фунти од продажбата на фудбалскиот клуб Челзи за
Go toTop