(ФОТО) Празнична атмосфера во Лондон: Привршуваат подготовките за крунисувањето на кралот Чарлс Трети

May 5, 2023
2 mins read

Прослави и забави ќе се одржуваат низ целата земја од 6 до 7 мај, познат како „викенд на крунисување“ и 8 мај, државен празник

Фото: EPA-EFE/MARTIN DIVISEK

Улиците на Лондон, британската престолнина, работните места и јавните простори се украсени за церемонијата на крунисување на англискиот крал Чарлс Трети, што ќе се одржи утре.

Како што јави Анадолија, граѓаните покажуваат голем интерес за предметите специјално произведени за церемонијата на крунисувањето.

Повеќе од 2 200 гости, меѓу кои шефови на држави, познати имиња и хуманитарни организации од 203 земји, како и членови на кралското семејство, ќе присуствуваат на церемонијата на крунисување на англискиот крал Чарлс Трети.

Во секој дел од Лондон може да се видат подготовките кои се при крај.

Прослави и забави ќе се одржуваат низ целата земја од 6 до 7 мај, познат како „викенд на крунисување“ и 8 мај, државен празник.

Во речиси секој парк во Лондон ќе бидат поставени детски игралишта, а важните градски улици и плоштади ќе бидат место за специјални прослави што ќе се одржат на денот на крунисувањето.

Фото: EPA-EFE/MARTIN DIVISEK

Во тек се подготовките за неделниот настан „Голем оброк“ на клучните улици и паркови во градските окрузи Хамерсмит, Фулам и Чисвик покрај реката Темза.

Онаму каде што граѓаните ќе се соберат да го прослават крунисувањето на новиот крал, општината и невладините организации поставија маси на кои ќе се служат оброци, а ќе има и површини за деца.

Улицата „Хамерсмит“, позната како „Кинг Стрит“ ќе биде затворена за сообраќај за време на викендот и во понеделник.

За прославата на новиот крал се подготвени и најпознатите лондонски улици „Оксфорд“ и „Реџент“. Некои продавници во двете улици се украсени со знамиња.

За церемонијата се подготвени и улицата „Мол Стрит“, плоштадот Трафалгар и плоштадот на Парламентот пред Бакингемската палата, која ќе биде центар на крунисувањето. На овие три точки, каде илјадници луѓе ќе ја следат парадата на кралот, вниманието го привлекуваат украсите, а поставени се и трибини за гостите и платформи за новинарите.

Фото: EPA-EFE/MARTIN DIVISEK

Крунисувањето на кралот Чарлс Трети во Англија, каде последното крунисување беше во 1953 година, се смета за историски настан.

Празнична атмосфера може да се почувствува во продавниците за сувенири и во сите други продавници.

Има книги за животот на кралот Чарлс, монархијата и кралицата Елизабета во излозите на Вотерстоунс, еден од познатите синџири на книжарници во земјата.

Во ресторани, продавници за облека, железнички станици и такси може да се види логото на круната, фотографијата на кралот, маските и знамињата.

Фото: EPA-EFE/MARTIN DIVISEK

Кралот Чарлс Трети ќе се искачи на тронот, за кој чекаше речиси 70 години.

Тој и неговата сопруга Камила ќе бидат крунисани на 6 мај во Вестминстерската опатија во Лондон.

На крунисувањето на кралицата Елизабета Втора во 1953 година присуствуваа повеќе од 8 200 гости.

Ден по крунисувањето ќе се одржи голем концерт во замокот Виндзор. На концертот ќе настапат многу уметници како светски познатата пејачка Кети Пери, Лајонел Ричи и Андреа Бочели.

Концертот, на кој ќе присуствуваат 20 000 луѓе од целата земја и ќе го следат во живо во повеќе од 100 земји во светот, ќе биде јавен настан со учество на волонтери од бројни хуманитарни организации.

Познатиот британски пејач, композитор и пијанист Елтон Џон одбил да настапи на концертот, правдајќи се со турнеја во странство. Елтон Џон беше многу близок пријател на принцезата Дијана, поранешната сопруга на кралот Чарлс.

Извор: 360stepeni.mk

MARKETING

MARKETING

MARKETING

Претходно

Лидерката на ЛДП се залага за една изборна единица, но е подготвена да разговара и за изборен праг

Следно

Горан Пандев продаде 90% од акциите на ФК Академија Пандев

Latest from Blog

Стоилковиќ се сретна со претставници на НВО: Треба да се работи зашто напредок и место во извештајот на ЕК ми се приоритет

Потпретседателот на македонската влада и министер за односи меѓу заедниците, Иван Стоилковиќ денес оствари работна средба со претставници на невладини организации од сите етнички заедници. На средбата организирана на иницијатива на вицепремиерот

Филков: Комората за вештаци регистрирана во Централниот регистар, почеток на нова реформа во правосудството

Комората за вештаци на 25 октомври годинава е регистрирана во Централниот регистар со што може да кажеме дека по осум години таа профункционира. Со ова обезбедуваме поголема, транспарентност, независност и професионалност во

Ердоган: Туркије е подготвена да придонесе за запирање на масакрот во Газа и воспоставување прекин на огнот

ИСТАНБУЛ (АА) – Турскиот претседател Реџеп Таип Ердоган денес ја изрази подготвеноста на неговата земја да придонесе на секој начин да се запре тековниот масакр во Газа и да се воспостави траен

Верстапен: Немам цел да ги бркам Шумахер и Хамилтон, но ако се пружи шанса ќе атакувам на нивните седум титули

Возачот на Ред Бул, Макс Верстапен, стана четирикратен шампион по трката за Големата награда на Лас Вегас минатиот викенд. Холанѓанецот нема цел да ги достигне лидерите по бројот на титули во историјата

Најмалку 17 Палестинци се убиени во израелските воздушни напади врз засолниште за раселените и дом во Газа

ГАЗА (АА) – Најмалку 17 Палестинци рано утринава беа убиени во израелските воздушни напади врз засолниште во градот Газа и дом во северниот дел на Појасот Газа, додека израелската артилерија продолжува да
Go toTop