ФОТО: Нови болиди од 2026 во Формула 1, еве какви промени ќе имаат

June 7, 2024
1 min read

Меѓународната автомобилска федерација (ФИА) објави синоќа дека почнувајќи од 2026 година болидите во Формула 1 ќе бидат помали, поагилни и поеколошки.

Според новите правила кои стапуваат во сила од сезоната 2026, болидите ќе бидат полесни за 30 килограми од денешните, 10 сантиметри потесни и ќе имаат мотори со речиси 50-50 поделба помеѓу електричната енергија и моќноста на внатрешно согорување.

Воедно, новите болиди ќе користат целосно одржливи горива, пренесува Би-Би-Си.

Новите хибридни мотори, кои тројно ја зголемуваат количината на електрична енергија, привлекоа два нови производители во Формула 1 – Ауди и Форд, и ја убедија Хонда да ја промени својата одлука да го напушти натпреварувањето.

Заедно со Мерцедес, Ферари и Рено, како и новата компанија Ред Бул Павертрејнс, во 2026 година ќе има шест производители на мотори во Ф1.

Извор: kurir.mk

VERO JUMBO MACEDONIA

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

Претходно

Дел од Бутел, Карпош и Сопиште без струја

Следно

Беше една од најпосакуваните жени во Југославија: Погледнете како денес изгледа Марина Перазиќ (ФОТО)

Latest from Blog

Николоски: Заради хистеријата што ја создава Левица, не се носат планови, не се гради и расте цената на стaновите, а млaдите се иселуваат

Правите хистерија со урбанизацијата и не дозволувате државата да се развива. Заради вашата партија бегаат инвеститори, не се отвараат работни места, заради хистеријата се дигнаа цените на стабовите и младите бегаат од

Руте одговори на критиките на Трамп за НАТО

Руте нагласи дека европските земји се подготвени да „се соберат и да разговараат“ какви конкретни чекори можат да преземат за да го одржат теснецот отворен и безбеден за меѓународен сообраќај. Неговата изјава
Go toTop