ФОТО: Лансиран првиот „AI“ фитнес придружник кој тренира, ги поправа движењата и мотивира

December 10, 2025
1 min read

Првиот „AI“ фитнес-придружник (асистент) произведен од компанијата „BodyPark“, наречен „Атом“, ги следи и коригира вашите движења, но и ве мотивира да вежбате, во реално време – без разлика дали сте дома, во теретана или во канцеларија.

Тој комбинира напредна технологија за следење на движењето и гласот и нуди персонализирани тренинг-програми.

Може да „разговара“ со очи и да се постави на која било површина, па дури и на ѕид, со помош на држач со магнет.

Има камера од 160º опремена со сензори. Сензорите го следат телото и го бележат држењето и движењата, а потоа даваат повратна информација.

Уредот ги опфаќа сите видови вежби – од вежби за сила, работа со тегови и еластични ленти, до вежби за мобилност. Вежбите се поделени во категории според типот, нивото на тежина и мускулите што се активираат.

Корисниците на екранот ги следат упатствата за вежбата што сакаат да ја изведуваат, со придружен видео-пример.

Следење на телото и движењата

Уредот регистрира 34 клучни точки на човечкото тело, го проценува секое движење и го споредува со идеалниот модел. Потоа дава гласовна, повратна информација за да се обезбеди правилно вежбање.

Командите вклучуваат пораки како: „Спушти се пониско кога правиш клекови (чучњеви)“, „Направи чекор наназад“ и слично.

Од компанијата тврдат дека уредот обезбедува прецизност при процената на правилното изведување на вежбите до дури 96 отсто.

Може да се поврзе и со слушалки преку блутут доколку ви е потребна приватност.

Приспособени вежби за секој тренинг

„Со една гласовна или чет-команда, „Атом“ генерира приспособени вежби за секој тренинг. Ви помага да импровизирате и да пронајдете алтернативни движења според опремата и условите што ги имате во теретана. Интелигентниот „AI“-модул ја ажурира вашата неделна и месечна програма, балансирајќи ја фреквенцијата, обемот, интензитетот и закрепнувањето за одржлив напредок.

Уредот ги синхронизира податоците во реално време и со „Apple Watch“ – плус, активноста, нивото на стрес и дишењето. Користејќи ги овие податоци, обезбедува персонализирани извештаи за тренингот“, пишува на веб-страницата на компанијата.

Уредот, според зборовите на компанијата, поттикнува здрав начин на живот кој не завршува со заминување од теретана.

„Седевте со часови? „Атом“ ве потсетува да станете и да го размрдате вашето тело“, додадоа од компанијата.

Уредот, исто така, ги бележи и ги памети најдобрите моменти за време на тренингот и ги претвора во динамични видео-резимеа кои можете да ги споделите со тренерот или со пријателите.

Извор: kurir.mk

VERO JUMBO MACEDONIA

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

Претходно

Уште десет дена за аплицирање за студентски ваучери за ИТ уреди

Следно

Сеул: Северна Кореја лансираше десетина ракети од повеќецевен ракетен систем

Latest from Blog

Сообраќајот во државата се одвива непречено и по претежно влажни коловози

Сообраќајот на државните патишта се одвива непречено, по претежно влажни коловози. Слаб снег кој не се задржува на коловозот провејува на Попова Шапка, соопшти АМСМ и информира дека сите државни патишта се

Омерагиќ меѓу македонските прволигаши на подготовките во Анталија

Претседателот на Фудбалската федерација на Македонија, Масар Омерагиќ, оствари работна посета во Анталија, каде што се сретна со претставници на македонските клубови кои ги реализираат подготовките за продолжението на Прва МФЛ. Омерагиќ

„Не сум мртов!“ – Роб Кардашијан се враќа пред камерите по девет години

Роб Кардашијан, поранешна ријалити-ѕвезда, се врати пред камерите по девет години пауза. Роб Кардашијан првпат се појави на малите екрани на 20-годишна возраст во ријалити-програмата „Keeping Up With the Kardashians“, но од
Go toTop