(ФОТО) Ковачевски, Заев и Спасовски на иста маса: Поделениот СДСМ се обединува?

September 28, 2023
1 min read

На фотографиите објавени на фејсбук-профилот на премиерот се гледа дека со Димитар Ковачевски на иста маса седат поранешниот лидер на СДСМ и премиер, Зоран Заев, и министерот за внатрешни работи, Оливер Спасовски, што би требало да биде демант на информациите во јавноста дека оваа тројка не е во добри меѓусебни односи

Премиерот Димитар Ковачевски вечерва на својот фејсбук-профил објави фотографии од „координативен состанок на стратешкиот тим за европскиот пат“.

На фотографиите се гледа дека со Ковачевски на иста маса седат поранешниот лидер на СДСМ и премиер, Зоран Заев, и министерот за внатрешни работи, Оливер Спасовски, што би требало да биде демант на информациите во јавноста дека оваа тројка не е во добри меѓусебни односи.

На состанокот, според фотографиите, присуствуваат и генералниот секретар на партијата, Миле Зечевиќ, професорот на Економскиот факултет и поранешен пратеник и партиски функционер, Игор Ивановски – Шема, шефот на кабинет на премиерот Мартин Попов, како и организациски секретар во СДСМ, Митко Трајчулески.

Ковачевски во објавата вели дека СДСМ има долгогодишно државничко и партиско искуство, посветеност и полна енергија да продолжи со победа и брз чекор по европскиот пат.

„Денешниот координативен состанок на стратешкиот тим е во оваа насока – да направиме сè, да овозможиме целосен државен и национален консензус за исполнување на определбата на огромното мнозинство граѓани, да станеме полноправна европска држава до 2030 година“,

пишува Ковачевски.

Тој додава дека европскиот пат и полноправното членство во ЕУ се највисок државен и национален, македонски приоритет.

„Ова е клучен момент, се работи за сегашноста, стабилноста и извесната иднина на сите наши граѓани, за иднината на денешните и идните генерации. Граѓаните заслужуваат европски квалитет на живот и европски животен стандард, во европска држава, а тоа да биде нивната родна земја, нивната татковина“,

додава Ковачевски во објавата.

ИЗВОР: 360stepeni.mk

Leave a Reply

Your email address will not be published.

VERO JUMBO MACEDONIA

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

Претходно

Мицкоски во Клик Плус одговара за кои лица од партијата ВМРО-ДПМНЕ стравува дека ќе се најдат на листата со бугарски пасоши?

Следно

Мицкоски: Служев воен рок, но тоа не е доволно, сакам повеќе да направам за државата како премиер

Latest from Blog

Божиновска: Поддршката од САД е значајна за реформите во енергетиката

Министерката за енергетика, рударство и минерални суровини, Сања Божиновска, денеска остварила средба со вршителката на должност амбасадор на Соединетите Американски Држави во земјава, Никол Варнес. На средбата се разговарало за продлабочување на

Коњановски најавува изградба на 6 нови паркинзи во Битола

Општина Битола започнува изградба на шест нови паркинг простори за подобрување на сообраќајната инфраструктура и олеснување на паркирањето за граѓаните. Новите паркинзи ќе бидат изградени кај „Овчи Пазар“, кај „Ат пазар“, во

Проданоски најави инвестиции од 12 милиони евра за развој на Прилеп

„Општината е финансиски стабилна и со поддршка од централната власт влегуваме во нов циклус на капитални инвестиции вреден околу 12 милиони евра“, порача градоначалникот на Прилеп, Дејан Проданоски, во гостувањето во утринската
Go toTop