(ФОТО) Илјадници граѓани во Белград и во Нови Сад им оддадоа почит на жртвите од трагедијата во Врачар  

May 4, 2023
1 min read

На Врачар и на Цветниот плоштад граѓаните им оддадоа почит на жртвите положувајќи цвеќе, палејќи свеќи и оставајќи играчки. На плоштадот, пред училиштето и низ околните улици низ кои минуваа луѓето не се слушаше ништо – освен тишина, ја пренесуваат српските медиуми траорната атмосфера

Неколку стотици граѓани во средата вечерта се собраа пред основното училиште „Владислав Рибникар“ во белградската општина Врачар, каде што беа убиени осум ученици и еден вработен во обезбедувањето на училиштето. 

Луѓе оставаат цвеќе и палат свеќи во близина на училиштето „Владислав Рибникар“/Фото: EPA-EFE/ANDREJ CUKIC

На Цветниот плоштад, како што пренесува Н1, кој се наоѓа во близина на училиштето каде што денеска наутро се случи трагедијата, се собраа неколку илјади граѓани. 

На Врачар и на Цветниот плоштад граѓаните им оддадоа почит на жртвите положувајќи цвеќе, палејќи свеќи и оставајќи играчки.  

Почит на жртвите се оддаваше и на Плоштадот на слободата во Нови Сад, каде што исто така излегоа голем број граѓани.  

Фото: EPA-EFE/ANDREJ CUKIC

Меѓу неколкуте илјади луѓе кои се собраа на Цветниот плоштад имаше родители со деца, млади и ученици, видно вознемирени од трагедијата во училиштето во Врачар.  

На плоштадот, пред училиштето и низ околните улици низ кои минуваа луѓето не се слушаше ништо – освен тишина, ја пренесуваат српските медиумите траорната атмосфера. 

Фото: EPA-EFE/ANDREJ CUKIC

Дел од граѓаните, како што пренесува Н1, се упатиле и кон Министерството за образование каде што се одржал краток протест, а насобраните извикувале „Оставка“.

Тринаесетгодишниот К. К., ученик во „Владислав Рибникар, во средата околу 8 часот со пиштол застрела и уби осум ученици и вработен во обезбедувањето на училиштето. Во пукањето се ранети уште шестмина ученици и наставничка, кои со тешки повреди се пренесени во Клиничкиот центар на Србија, каде што на дел од нив се извршени оперативни зафати.  

Осомниченото момче, како што соопшти полицијата, подолго време го планирало нападот. Имал список со имиња и скица, која, како што рекоа од полицијата, изгледала како да е од видеоигра или хорор-филм. 

Оружјето со кое пукал малолетникот го зел од својот татко, а во ранецот му биле пронајдени и четири молотови коктели.  

Од Вишото јавно обвинителство (ВЈО) Белград соопштија дека осомничениот не подлежи на кривична одговорност бидејќи станува збор за малолетник кој сè уште нема наполнето 14 години.  

Претседателот на Србија, Александар Вучиќ, на вонредна прес-конференција меѓу другото рече дека до Владата ќе предложи 10 мерки, од кои една е да се ревидира старосната граница за кривична одговорност од 14 на 12 години.  

ИЗВОР: 360stepeni.mk

MARKETING

MARKETING

MARKETING

Претходно

Одложена претставата „Птица со глава меѓу нозе” во Драмски театар

Следно

Започна најголемата аукција на накит во историјата: Продажба на накитот на милијардерката Хајди Хортен

Latest from Blog

Поддржувачите на ПКК се судрија со полицијата во Лондон по апсењата во истрагата за тероризам

ЛОНДОН (АА) – Приврзаниците на терористичката организација ПКК денес се судрија со полицијата во лондонскиот кварт Харингеј, откако лондонската полиција уапси шест лица за поврзаност со сомнителни терористички активности поврзани со организацијата,

Што значи загрозена безбедност на јавните финансии? Објаснува Глигор Бишев

Претседателот на Фискалниот совет Глигор Бишев вечерва во емисијата „Бизнис21“ на ТВ21 објасни што конкретно значи за државата кога е загрозена безбедноста на јавните финансии. „Ние посочивме дека прекршени се фискалните правила

И покрај „Иди ми… Дојди ми“ со Косово, нема исход за екстрадицијата на Демири и Исмаиловиќ

Министерот за правда, Игор Филков, на прашањето до каде е постапката за екстрадицијата на Алил Демири и Африм Исмаиловиќ, кои македонските судови ги осудија на доживотна казна затвор за случајот ,,Монструм”, рече

ВМРО-ДПМНЕ: Неврохирургот на Заев, Филипче во раководството има само верни слуги на Заев

Венко Филипче, неврохирургот на Зоран Заев уште еднаш вечерва покажа дека не можеа сам да стои на свои нозе во политиката, велат од ВМРО-ДПМНЕ по внатрепартиските раководни именувања во СДСМ. -По изборот

Костова, дел од раководството на СДСМ: Мизерна е таа лакомост на религиозните

Кристина Костова вечерва е избрана за потпретседател на СДСМ на првата седница на новиот Централен одбор на партијата. Зад Костова која е дел од раководството на СДСМ, како печат стои делувањето во
Go toTop