[Фото галерија] Во Битола изложба со фотографски записи за материјалното културно наследство

November 18, 2024
1 min read

Во Центарот за култура – Битола е отворена изложбата „Фото колонија Пелагонија“. Изложбата е завршна активност во рамки на проектот со истиот наслов, кој што втора година по ред го имплементира Центарот за европски развој и интеграција од Битола. Оваа групна изложба е составена од 26 фотографии кои ги изработија 12 фотографи. На фотографиите се претставени 12 објекти од Битола и 1 од Крушево со по две фотографии.

Главната едукативна креативна фаза на проектот ФОТОКОЛОНИЈА ПЕЛАГОНИЈА 2024 се реализираше во месец јуни 2024 , кога Роберт Јанкулоски и Мери Бошкоска, двајца ветерани и мајстори на фотографијата, одвоија по еден ден и го поминаа во заедничка кретивна работа и размена на искуства и совети со група на 15-тина фотографи кои беа дел од проектот.

Гостин предавач на обуката беше и историчарот Васко Гичевски, кој со учесниците зборуваше за значењето на објектите и приказната зад објектите која малкумина од учесниците на проектот ја знаеа.

„Проектот Фотоколонија Пелагонија е обид преку креативна фотографски пристап да се создадат сведоштва во облик на електронски фотографии за објектите кои се дел од материјалното културно наследство. Преку проектот се врши документирање на објектите во нивната сегашна состојба а фотографиите во иднина ќе бидат интегрирани во интерактивните апликации за презентирање на културното богатство на нашата земја“, истакна Диоген Хаџи Коста Милевски извршен директор на ЦЕРИ и координатор на проектот ФОТОКОЛОНИЈА ПЕЛАГОНИАЈ.

Во рамките на свеченото отворање на дел од учесниците во проектот им беа врачени дипломите за успешното завршување на сите фази од реализацијата на проектот, а на менторитие и партнерите во проектот и беа врачени благодарници за поддршката и персоналниот придонес без кој немаше да биде можна реализацијата на овој проект

„Вечерва уште еднаш се потсетив колку е убав нашиот град. Многу често поминуваме покрај многу познати згради во нашиот град и ги одминуваме затоа што нашето око се навикнало да ги прима како нешто нормално. Ние имаме град кој што потсеќа на било кој град од европските метрополи каде што патуваме и правиме илјадници фотографии а многу често забораваме колку ни е е убава Битола и колку убавина и историја се крие во старите градби.“ – потенцираше Маја Андоновска – Илијевски, директор на Центарот за култура – Битола.

Проектот е финансиран од Министерството за култура на Република Северна Македонија, а партнери на проектот се Центарот за култура – Битола и БВ Бизнис груп.

Сите љубители на фотографијата ќе имаат можност да ги погледнат фотографиите од оваа изложба до 26.11.2024 во фоајето на НУ Центар за култура Битола. По завршување на изложбената фаза фотографиите ќе бидат достапни на интернет страницата на Центарот за европски развој и итеграција – www.cedi.mk

ИЗВОР: racin.mk

VERO JUMBO MACEDONIA

EVN MACEDONIA

MARKETING

Претходно

Сепак ќе патуваме со зелен картон, комплексно било укинувањето

Следно

Власта очекува 80 гласови за спој на АНБ и АР – пријавите против Бојан Христовски се уште во предистражна фаза

Latest from Blog

Онана во првиот меч за Трабзон имаше 7 одбрани и доби највисока оценка

фото: DİAS (X) Довчерашниот голман на Манчестер Јунајтед, Камерунецот Андре Онана имаше одлично деби на голот на Трабзонспор. Иако неговиот тим загуби на гостувањето кај Фенербахче со 1:0, Онана блескаше на голот

Аморим: Не ми е јасно како ги примаме овие голови

фото: Printscreen Менаџерот на Манчестер Ј., Рубен Аморим изјави дека е незадоволен од дефанзивната игра на неговиот тим на денешното дерби со Манчестер Сити. „Ако ги погледнете головите, можевме да ги избегнеме.

Мицкоски со порака: Ние ќе продолжиме да работиме, да се бориме и на крај ќе победиме

Премиерот Христијан Мицкоски објави видео од настанатите пожари кои избувнаа викендов. Воедно Мицкоски упати порака: „Она што се случуваше летото и со кое успешно се справивме, ќе продолжи, затоа што некој има

Фото: Супер провокативно издание на Марго Роби, гол грб и проѕирен фустан

Добитничката на Оскар, убавата актерка Марго Роби на промоцијата блесна во проѕирен фустан од колекцијата„ Armani Prive“ пролет 2025. Ова е едно од нејзините први јавни појавувања откако стана мајка минатата есен,
Go toTop