ФОТО: Детали за апсењето на Џастин Тимберлејк: Снимен со црвени очи, одбил алкотест и не смее да вози една година

June 19, 2024
1 min read

Објавена е првата фотографија по приведувањето на Џастин Тимберлејк и деталите за неговото апсење во пијана состојба.

Тимберлејк може да се види со крвави очи на фотографијата направена неколку моменти откако бил уапсен во Саг Харбор поради возење во пијана состојба.

На фотографијата објавена од „Daily Mail“ се гледа како пејачот гледа во камерата со „камено“ лице откако го запреле. Тој пиел со пријателите во барот „American Hotel“ во Саг Харбор кога решил да седне зад воланот на своето „BMW“.

Џастин бил запрен, а потоа не сакал да изврши тестирање на алкохол велејќи им на полицијата дека го одбива тоа. Тој исто така им тврдел на полицајците кои го уапсиле дека испил само едно мартини.

Пејачот бил нестабилен на нозе и паднал на теренскиот тест за трезност. Полицијата го опишала Тимберлејк дека има „крвави и стаклени“ очи, силно мириса на алкохол, како и дека има бавен говор и не може да го задржи вниманието.

Објавена е уште една фотографија од пејачот во текот на неговото апсење на која гледа право пред себе додека полицајците го изнесувале.

Тој се изјаснил за невин на краткото судење на кое му било забрането да вози една година во Њујорк, бил ослободен без кауција и од судот излегол носејќи бејзбол капа.

Извор: kurir.mk

VERO JUMBO MACEDONIA

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

Претходно

Во Скопје почнува Светското ракометно првенство за јуниорки

Следно

Дневен хороскоп за среда, 19-ти јуни 2024-та

Latest from Blog

Мицкоски: Ќе одговара секој кој прави криминално дејство а е на раководна позиција во некоја институција и ако тој глас допре до мене

Претседателот на Владата Христијан Мицкоски попладнево одговарајќи на пратеничко прашање дека секој оној кој што прави какво било криминално дејство а е на раководна позиција во некоја институција и тој глас допре

Стоилковски: Предвремени парламентарни избори нема да има

Советникот во кабинетот на премиерот за комуникации и односи со јавност задолжен за координација на портпароли, Наум Стоилковски во емисијата „Click Plus“ на ТВ21 порача дека предвремени парламентарни избори нема да има.
Go toTop