Фондовско срце: 25 години хуманост, солидарност и грижа за здравјето

October 17, 2025
1 min read

По повод 25-годишниот јубилеј од самостојното функционирање на Фондот за здравствено осигурување, денеска, во соработка со Црвениот крст на РМ и Институтот за трансфузиона медицина, се реализира традиционалната крводарителска акција „Фондовско срце“, која оваа година се одржува по осумнаесетти пат.

Со оваа акција, Фондот уште еднаш ја потврдува својата основна мисија – грижата за здравјето на осигурениците и промовирањето на хуманоста како врвна општествена вредност. Преку овој чин на солидарност, вработените на Фондот симболично ја спојуваат професионалната посветеност со највозвишениот човечки гест – дарување живот.

Од своето формирање во 2000 година, како самостојна институција за спроведување на задолжителното здравствено осигурување, Фондот доследно ја негува културата на општествена одговорност и лична заложба за заедницата. Крводарителската акција „Фондовско срце“ е токму потврда дека вистинската грижа за осигурениците не се исцрпува во административните и финансиските мерки, туку продолжува преку вистински дела на човечност, доблест и милосрдие.

Во остварувањето на овие вредности особено значаен е личниот пример на генералните директори на Фондот, г. Сашо Клековски и г. Бранко Аџигогов, кои со своето активно учество ја поттикнуваат свеста кај вработените дека хуманоста е највозвишената форма на грижа за човекот.

„Дарувањето крв е дарување надеж, живот и човечка топлина. Со оваа акција, Фондот уште еднаш покажува дека зад институцијата стојат луѓе со големо срце – луѓе што живеат и работат во духот на солидарноста“, беше пораката на денешниот настан.

Фондот им упатува благодарност на сите свои вработени кои секоја година ја докажуваат својата хуманост и придонесуваат кон спасување на човечки животи.
Оваа традиција, започната пред 18 години, продолжува како симбол на колективна совесност и институционална култура која ги поврзува вредностите на професионалноста, човечноста и општествената одговорност.

Да го направиме јубилејот достоинствен – со дарување на највредното од себе: животот.

Извор: kurir.mk

VERO JUMBO MACEDONIA

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

Претходно

ОВДЕ КОКАИНОТ СЕ ШМРКА ВО КАМИОНИ, НЕ ВО ГРАМОВИ, посочи градоначалникот на Дубровник

Следно

Ново место за игра и дружба во Битола

Latest from Blog

Проданоски: Продолжува уредувањето на улиците во Прилеп за граѓаните

Проданоски: Корективни зафати на улицата „Александар Македонски“ за подобра пристапност и безбедност Градоначалникот на Општина Прилеп, Дејан Проданоски, најави реализација на корективни зафати на улицата „Александар Македонски“ по барање на жителите, институциите

Итна седница на НКТ: По згаснатите животи на Ивана и Катја ќе се менуваат неколку закони

Националното координативно тело за имплементација на Конвенцијата на Совет на Европа за спречување и борба против насилство врз жените и семејното насилство со кое претседаваше заменик министерот за социјална политика, демографија и
Go toTop