Фон дер Лајен во Тирана: Претставен нов план на раст за удвојување на економиите на Западен Балкан

October 17, 2023
2 mins read

ТИРАНА (АА) – Заврши Самитот на лидерите на Берлинскиот процес, на кој присуствуваа лидерите на земјите учеснички во овој проект. Фокусот на работата беше на прашањата поврзани со интеграцијата на регионот во единствен пазар, процесот на европската интеграција, регионалната соработка, поддршката за зелената и дигиталната транзиција на Западен Балкан, јавува Анадолу.

На крајот од Самитот албанскиот премиер Еди Рама синоќа одржа прес-конференција со германскиот канцелар Олаф Шолц и претседателката на Европската комисија, Урсула фон дер Лајен.

Премиерот Рама истакна дека Самитот поминал во многу плодни дискусии, со навистина отворена размена на мислења и вистинско чувство на пријателство.

„Ова е тежок момент за секоја земја и предизвиците со кои се соочуваме сите заедно се исклучителни поради последователните кризи што нѐ погодија, без разлика дали Европа е со Б или Европа без Б заедно. Се чини дека работите не се подобруваат, туку се влошуваат на многу фронтови, вклучително и страшниот нов фронт во конфликтот меѓу Израел и Хамас“, рече Рама.

Рама истакна дека никогаш не ќе може да ги најде вистинските зборови за да му се заблагодари на канцеларот, кој на толку љубезен начин беше отворен за идејата Берлинскиот процес да се доведе надвор од Европската Унија, во Тирана.

„И никогаш не би успеал да ги најдам потребните зборови за да ѝ се заблагодарам на претседателката на Комисијата, која на овој Самит му даде нешто навистина суштинско преку новиот план за раст на Европската Унија за Западен Балкан“, рече Рама.

Канцеларот Шолц рече дека покрај актуелната глобална политичка криза, постојат и пречки во регионот.

„Пред само неколку недели полицијата беше брутално нападната во Косово. Убиено е официјално лице. Ние остро го осудуваме тоа“, рече Шолц.

„Добар знак е тоа што Берлинскиот процес сега првпат се одржува во земја од Западен Балкан. Уште подобро е што сите премиери од регионот дојдоа овде и сите можевме да разговараме меѓу себе. Ова покажува колку земјите му се посветени на овој процес и колку е важен за приближувањето на Западен Балкан до Европската Унија бидејќи навистина е време за тоа“, рече Шолц.

Шолц посочи дека иднината на Западен Балкан е во Европската Унија и додаде дека ова ветување стои и е поточно денес од било кога.

Претседателката на Европската комисија, Фон дер Лајен, рече дека сега сите погледи на светот се насочени кон Израел и Палестина, но и дека сите работат на приближувањето на Западен Балкан и Европската Унија.

„Треба уште повеќе да ги приближиме нашите економии и да ги забрзаме реформите за членство. Затоа на лидерите им го претставив нашиот план за раст. Доколку се спроведе, новиот план за раст има потенцијал да ги удвои економиите на Западен Балкан и во оваа деценија”, таа рече.

Во рамките на Самитот беше потпишан и регионален договор за меѓусебно признавање на професионалните квалификации. Отворени се и новото претставништво на Европскиот колеџ во Тирана и новореконструираните простории на Тиранската пирамида.

Берлинскиот процес е иницијатива насочена кон зголемување на регионалната соработка на Западен Балкан и обезбедување помош за интеграција на земјите од регионот во Европската Унија (ЕУ).



На веб страницата на Anadolu Agency (AA) објавена е само дел од содржината на вестите од Системот на проток на вести (HAS). За целосната содржина на вестите ве молиме контактирајте нè за претплата.

VERO JUMBO MACEDONIA

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

Претходно

Албанскиот опозициски фронт е европски фронт, вели Реџепи

Следно

Од утре облачно и потопло, од петок пораст на температурата

Latest from Blog

Руски шпионски сателити ја снимале базата на „забранетиот остров“ – „АКО ГО НАПРАВАТ ТОА ТРИ ПАТИ, ЗНАЕМЕ ШТО СЛЕДИ!“

По обидот за ирански напад, Русија ја фотографирала базата на „забранетиот остров“ Диего Гарсија, кој се наоѓа на островите Чагос, јавуваат украинските разузнавачки служби, пишува The Telegraph. Вододимир Зеленски, претседателот на Украина,

Во Париз одбележани 95 години од смртта на д-р Атанас Коцарев, истакнат македонски онколог

Во организација на здружението „Заборавени Македонци“ од Париз и париската општина Бонди денеска на старите градски гробишта се одржала комеморација за истакнатиот македонски онколог и светски признат научник охриѓанецот д-р Анастас Коцарев

Алиу: Со законски измени ја враќаме одлуката за дарување органи кај граѓанинот

Министерот за здравство Азир Алиу преку својата последна колумна порачува дека претстојните законски измени во областа на трансплантацијата имаат за цел да ја вратат личната одлука таму каде што ѝ е местото
Go toTop