Фон дер Лајен кандидатка за генерален секретар на НАТО

April 1, 2023
1 min read

Британскиот таблоид „Сан“ доцна синоќа соопшти дека претседателката на Европската комисија, Урсула фон дер Лајен е кандидатка за нов генерален секретар на Алијансата, пренесува Хина.

Британските медиуми, повикувајќи се на дипломатски извори, пишуваат дека дел од членките на НАТО предложиле Германија да го преземе раководството на Алијансата од октомври годинава, по завршувањето на мандатот на актуелниот генерален секретар, Норвежанецот Јенс Столтенберг.

Се очекува Столтенберг да ја напушти оваа функцијата по девет години, додека мандатот на претседателката на Европската комисија истекува следната година.

Таблоидот пишува дека Фон дер Лајен ја очекува тешка борба бидејќи Велика Британија ќе се спротивстави на нејзината кандидатура, затоа што смета дека таа лошо управуваше со вооружените сили додека беше министерка за одбрана на Германија.

Германскиот весник „Велт ам Зонтаг“ напиша дека меѓу кандидатите за нов генерален секретар на НАТО се и актуелниот британски министер за одбрана Бен Валас и шпанскиот премиер Педро Санчез. „Сан“ го споменува актуелниот британски премиер Риши Сунак, а како кандидати се споменуваат и естонската премиерка Каја Калас и канадската министерка за финансии Кристија Фриланд.

ИЗВОР: kurir.mk

MARKETING

MARKETING

Претходно

САД бараат одговорност за злосторства на Русија во Буча

Следно

„Паркинзи на Општина Центар“ oд понеделник ќе врши и комунални услуги

Latest from Blog

Барселона спаси бод на гостувањето во Ваљекас

фото: Rayo Vallecano (X) Екипите на Рајо Ваљекано и Барселона ремизираа со 1:1 во вечерашниот натпревар од шпанската Ла Лига. Избраниците на Ханси Флик одиграа подпросечен натпревар и дури во второто полувреме

Научници открија „хемиски коктел“ против стареење на мозокот

Руски научници соопштија дека откриле „хемиски коктел“ кој може да ги забави промените поврзани со стареењето на мозокот и да ги подобри функциите на тој орган во староста. Научници од Националниот истражувачки

По повод почетокот на учебната година, премиерот Мицкоски утре во посета на ООУ „Кирил Пејчиновиќ“ – Кисела Вода

По повод почетокот на учебната година, премиерот на Република Македонија Христијан Мицкоски утре ќе го посети ООУ „Кирил Пејчиновиќ“ – Кисела Вода. -Ве известуваме дека утре 01.09.2025 година (понеделник) во 10:00 часот
Go toTop