Флекс Кредит доби награда за најдобарa ,,Employer branding – кампања за 2023 година’’

April 19, 2024
1 min read

Втора година по ред специјализираниот портал за вработување –vrabotuvanje.com ја организира манифестацијата ,,Работодавач на годината’’, манифестација на која ги прогласува најдобрите работодавачи и најдобрите практитки имплементирани во полето на човечките ресурски за годината.

Флекс Кредит оваа година доби награда за најдобарa  ,,Employer branding – кампања за 2023 година’’.

Оваа награда е уште една потврда дека луѓето, вработените ни се секогаш на прво место! Изминатата година имавме голема експанзија и го збогативме тимот за нови 110 вработени со крајна цел: да понудиме добра и квалитетна услуга за нашите клиенти.

Нашите вработени може да се пофалат дека работат во компанија со многу настани, бенефиции, дружења, како и можности за кариерен раст и развој.

Работобарателите пак, не препознаваат по активностите кои ги креиравме кон нашите вработени, како и по можностите за кариерен развој,

2023 година ја започнавме со нашата стратегија за ,,Employer Branding’’ во која го синтетизиравме искуството, идеите и желбите и ги претворивме во реализација, со цел креирање на визија на ,,Работодавач кој претставува прв избор при вработување’’.

Креиравме долгорочна стратегија со точни и прецизни насоки каде сакаме да стигнеме, да привлечеме вработени кои ќе го делат успехот со нас и кои ќе овозможат оддржливост на долг рок, додека истовремено уживаат во секој момент во работењето во Флекс Кредит.

Оваа награда ни е прва и многу значајна и истата ја посветуваме на сите кои веруваа во нас, на нашите колеги, на нашите претпоставени и на нашите семејства – изјави Лилјана Бојковска –  Менаџер за човечки ресурси во Флекс Кредит.

Извор: alsat.mk

VERO JUMBO MACEDONIA

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

Претходно

Ванковска: Во трката за претседател, влегов за национална кауза

Следно

Нови шокантни информации: Братот на убиецот на Данка не починал од срцев удар, туку од НАСИЛНА смрт

Latest from Blog

Официјални информации за земјотресот кој вечерва ги вознемири граѓаните во Македонија

Телеметриската сеизмолошка мрежа на Република Македонија одржувана од Сеизмолошката опсерваторија при Природно-математичкиот факултет во Скопје, вечерва во 22 часот и 5 минути регистрира земјотрес чиј епицентар потекнува од територијата на Р. Косово,

БМВ и камион се судрија настана пожар кај Хиподром, затворен автопатот кон Скопје

Тешка сообраќајна несреќа проследена со пожар вечерва предизвика целосен застој на автопатот на влезот во Скопје, на потегот кај Хиподром во правец кон главниот град. Според првичните неофицијални информации, станува збор за

Снимено е убиството на 29- годишен фудбалер, главен осомничен е брат му (ВИДЕО)

Главниот осомничен за убиството на 29-годишниот Пирес е неговиот сопствен брат, кој побегнал од местото, јавуваат аргентинските медиуми. Клубот Алмирате Браун каде настапуваше Пирес излезе со соопштение во кое изразува сочувство до
Go toTop