„Флај Дубаи“ ги прекина летовите до два руски града по авионската несреќа во Казахстан

December 27, 2024
1 min read

МОСКВА (АА) – Авиокомпанијата на Обединетите Арапски Емирати „Флај Дубаи“ ги суспендираше летовите до два руски града, по овонеделната авионска несреќа на „Азербејџан ерлајнс“ во Казахстан, соопшти Здружението на руски туроператори, јавува Анадолу.

„Прекинот, кој е во сила од утре до 5 јануари, зафаќа повеќе од 2.000 патници, од кои 90 отсто се клиенти на туроператори“, се вели во соопштението на Здружението.

Претходно, казахстанската авиокомпанија „Казар ер“ објави дека привремено ги суспендирала летовите меѓу Астана и Екатеринбург, поради безбедносни причини.

„Азербејџан ерлајнс“ соопшти дека ќе ги прекине летовите до неколку руски градови почнувајќи од сабота, вклучувајќи ги Минерални Води, Сочи, Волгоград, Уфа, Самара, Саратов, Нижни Новгород и Владикавказ.

Авионот на „Азербејџан ерлајнс“, кој леташе на релацијата од Баку кон градот Грозни во руската Чеченска Република, во средата се урна со 67 патници во близина на Актау, лоциран на брегот на Каспиското Море.

Казахстанските власти соопштија дека во несреќата животот го загубиле 38 лица, додека 29 преживеале.



На веб страницата на Anadolu Agency (AA) објавена е само дел од содржината на вестите од Системот на проток на вести (HAS). За целосната содржина на вестите ве молиме контактирајте нè за претплата.

Извор: Anadolu Agency (AA)

VERO JUMBO MACEDONIA

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

Претходно

Стојаноски: Законот за јавни набавки никогаш немал потранспарентна и поширока консултација за негови измени

Следно

Канатларовски разрешен, Станиќ нов селектор на У-21

Latest from Blog

Мицкоски: Ќе одговара секој кој прави криминално дејство а е на раководна позиција во некоја институција и ако тој глас допре до мене

Претседателот на Владата Христијан Мицкоски попладнево одговарајќи на пратеничко прашање дека секој оној кој што прави какво било криминално дејство а е на раководна позиција во некоја институција и тој глас допре

Стоилковски: Предвремени парламентарни избори нема да има

Советникот во кабинетот на премиерот за комуникации и односи со јавност задолжен за координација на портпароли, Наум Стоилковски во емисијата „Click Plus“ на ТВ21 порача дека предвремени парламентарни избори нема да има.
Go toTop