Фирмата на Јордан Мијалков ги купи становите на Сашо Мијалков на Водно

January 11, 2024
1 min read

Директорот на агенцијата за конфискуван имот, Дритон Небиу, попладнево, во изјава за неколку медиуми, информираше дека становите кои во судска постапка му беа запленети на екс-директорот на УБК, Сашо Мијалков, на јавно наддавање ги купила фирмата Бест веј инвесмент, соптвеност на неговиот син Јордан Мијалков.

Овие станови, кои се наоѓаат на Водно, на улицата Славејко Арсов, во непосредна близина на куќата на Сашо Мијалков, беа конфискувани во случајот „Империја“. Се работи за три станови кои Бирото за вештачење ги процени на 330.200 евра.

Пред неколку месеци овој имот се продаде за вкупна цена од 332.276 евра, но новиот сопственик не беше откриен, за што денеска Небиу рече дека „во тоа време ги немал тие информации“.

Во случајот „Империја“, Сашо Мијалков призна вина и се спогоди со Обвинтелството, а казната беше три години затвор и одземање на имот вреден околу 30 милиони евра, меѓу кои 25 станови и парцелата до хотелот Мериот.

Извор: 24vesti.mk

VERO JUMBO MACEDONIA

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

Претходно

За една деценија во Албанија убиени 159 жени, државата рангирана меѓу првите во Европа

Следно

За само два дена изчезнале три 14- годишни момчиња од Хрватска

Latest from Blog

Контроли во казина и угостителски објекти во Карпош и Кисела Вода, констатирани прекршоци и изречени мерки

На 27/28 март 2026 во периодот од 20:00 часот до 03:00 часот, на подрачјето на општина Карпош и Кисела Вода полициски службеници од СВР Скопје извршија контроли во повеќе угостителски објекти и

Спортски објекти во Прилеп, Битола, Тетово се под лупа на МВР и ЈО, за базенот во Делчево се чека да стигне ревизорскиот извештај

Во врска со Градскиот базен во Делчево, не е постапено од причина што до ОВР Делчево до овој момент не е доставен ревизорскиот извештај. Во однос на другите спортски објекти кои се
Go toTop