Фирма блиска до ДУИ победи на тендер за адаптација на салата „Борис Трајковски“, од МНР велат ја избрале најевтината понуда

August 27, 2023
1 min read

Фирмата „Еуровиа“ од тетовско Желино, чиј извршен директор е Елмедин Адеми – роднина на поранешниот министер од редовите на ДУИ, Абдилаќим Адеми, е избрана меѓу четирите компании кои се пријавиле на тендерот за адаптација на СЦ „Борис Трајковски“ каде што во декември ќе се одржи министерска конференција на ОБСЕ

Коментирајќи ги објавите во медиумите дека токму фирма блиска до ДУИ ја добива јавната набавка тешка околу 1,8 милиони евра, Министерството за надворешни работи денеска преку соопштение објави дека избраната компанија понудила најниска цена од сите што се пријавиле на тендерот

Министерството за надворешни работи (МНР) ќе префрли 1,8 милиони евра на сметката на градежната фирма „Еуровиа“ од тетовско Желино, која треба да го адаптира Спортскиот центар „Борис Трајковски“ за претстојната конференција на Министерскиот совет на ОБСЕ што ќе се одржи во Скопје во декември годинава, објавија повеќе медиуми.

Спортскиот центар „Борис Трајковски“ во Скопје

Фирмата, чиј извршен директор е Елмедин Адеми – роднина на поранешниот министер од редовите на ДУИ, Абдилаќим Адеми, е избрана меѓу четирите компании што се пријавиле на тендерот. „Еуровиа“, според медиумските објави, е и донатор на ДУИ.

Коментирајќи ги објавите во медиумите дека токму фирма блиска до ДУИ ја добива јавната набавка тешка 1,8 милиони евра, Министерството за надворешни работи, со кое раководи Бујар Османи од ДУИ, денеска преку соопштение објави дека избраната компанија понудила најниска цена од сите што се пријавиле на тендерот.

„Избраната компанија имаше понудено убедливо најниска цена, која достигнува разлика и до два и пол пати пониска од треторангираната и четврторангираната компанија. Увид во постапката и изборот, кој е целосно согласно процедурите, имаат сите институции и јавноста, а одлуката ја потврди и второстепената комисија. За предвидените работи беше склучен договор во рамковен износ до 95 000 000 денари (без ДДВ, н.з.), а ќе се искористи согласно потребите и поединечните цени понудени како најниски за извршените работи“,

се наведува во соопштението на МНР.

Во соопштението на Министерството се додава дека постапката е изведена согласно Законот за јавни набавки и со почитување на начелата на економичност, ефикасност и ефективност на користењето на јавните средства, како и обезбедување конкуренција и транспарентност и еднаков третман на економските оператори.

Истакнувајќи ја важноста на конференцијата, која од МНР ја нарекуваат „најголемиот меѓународен политички настан што некогаш се одржал во земјава“, оттаму велат дека ова ќе биде едно од најнискобуџетните претседавања во поновата историја на ОБСЕ, а ќе се вброи во претседавањата со огромен број активности и настани.

„Треба да бидеме свесни дека толку значајните меѓународни активности на секоја земја чинат пари и бараат буџетски издвојувања. Нашиот буџет за претседавањето со ОБСЕ ќе биде најмал во споредба со сите други во последните 10 години. Патем, буџетот на Министерството е транспарентен документ и тој може да се провери“,

додаваат од МНР во писменото соопштение.

ИЗВОР: 360stepeni.mk

VERO JUMBO

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

Претходно

Страшо Темков – флејта и Сара Пројковска – пијано на отворањето на фестивалот „Аполонија Арт“ во Созопол

Следно

Еврејски доселеници нападнале Палестинци на Западниот брег

Latest from Blog

Општина Битола обезбеди 300.000 денари за субвенции за возачки испит

Општина Битола објави јавен повик за доделување еднократна финансиска помош од 6.000 денари за млади лица кои поради привремениот прекин на работата на Испитниот центар во Битола биле принудени да полагаат возачки

Божиновска: Еднаквите можности почнуваат со работна средина што ги поддржува жените

Работната средина треба да им овозможи на жените да напредуваат во кариерата без да се откажуваат од семејниот и личниот живот, порача министерката за енергетика, рударство и минерални суровини, Сања Божиновска, на

Коњановски: Околу 15.000 евра проценета годишна заштеда од првата фаза на „Сончеви училишта“

Фотонапонска централа со инсталирана моќност од 40 киловати е поставена во ОУ „Св. Климент Охридски“ во Битола. Централата беше технички прегледана и предадена во рамките на проектот „Сончеви училишта“, кој со анекс

Костовски: Засилени инспекциски контроли во Бутел, на удар објектите со сомнежи за законски прекршувања и непрописното паркирање

Општина Бутел започна со засилени инспекциски контроли на целата своја територија, во координација со инспекциските служби на Град Скопје и Министерството за внатрешни работи (МВР). Веста ја соопшти градоначалникот на Општина Бутел,

Божиновска: Ќе ја зајакнеме соработката со ФЕИТ за младите инженери да стекнат практично искуство

Студенти од Факултетот за електротехника и информациски технологии (ФЕИТ) го посетија Министерството за енергетика, рударство и минерални суровини, каде што со министерката Сања Божиновска разговараа за енергетската сигурност, обновливите извори и енергетската
Go toTop