Финците по осми пат најсреќната нација во светот, Македонците 86-ти на листата

March 21, 2025
1 min read

Новиот „Извештај за среќата во светот“ на Обединетите Нации ја рангираше Финска на првото место осма година по ред. Финците го оценуваат својот живот како особено задоволувачки со просечна оценка од 7,74 од можни 10 поени.

Овој, 13-ти годишен Извештај, објавен по повод Меѓународниот ден на среќата на ОН, ги рангира најсреќните и најнесреќните земји во светот, прашувајќи ги луѓето да го оценат својот живот на скала од 0 до 10. Студијата, објавена од Истражувачкиот центар за благосостојба на Универзитетот во Оксфорд, Велика Британија. Така, Костарика и Мексико за првпат влегоа во топ-10 државите.

Најсреќните 10 држави во светот се: Финска, Данска, Исланд, Шведска, Холандија, Костарика, Норвешка, Израел, Луксембург и Мексико.

Македонските граѓани се наоѓаат на 86-то место. Испитувањето на јавното мислење годинава опфаќа 147 држави и нации.

Џефри Д. Сакс, претседател на Мрежата за решенија за одржлив развој на ОН, рече дека резултатите потврдуваат дека среќата е вкоренета во довербата, добрината и социјалната поврзаност.

– Од нас, како доблесни поединци и граѓани, зависи да ја пренесеме оваа витална вистина во позитивно дело, а со тоа да негуваме мир, учтивост и благосостојба во заедниците ширум светот, изјави Сакс.

Јан-Емануел де Нив, директор на оксфордскиот Центар за истражување на благосостојбата, додаде:

– Во оваа ера на социјална изолација и политичка поларизација, мора да најдеме начини да ги собереме луѓето повторно заедно „на маса“ – тоа е од клучно значење за нашата индивидуална и колективна благосостојба.

Непознатите се двојно пољубезни отколку што мислат луѓето, според Извештајот, бидејќи според посебен експеримент, голем дел од нив би вратиле изгубен паричник на сопственикот кого не го познаваат, наместо да го зачуваат за себе. Тоа посочува дека верувањето во добрината на другите луѓе е посилно поврзано со среќата, отколку што се мислеше.

Џон Ф. Хеливел, економист на Универзитетот во Британска Колумбија во Канада, и автор на извештајот, смета дека податоците од експериментот со паричникот покажал дека луѓето се многу посреќни живеат таму каде што мислат дека се грижат еден за друг.

Извор: 24vesti.mk

VERO JUMBO MACEDONIA

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

Претходно

Бразил го слави Винисиус Жуниор, со победа зема залет за дуелот со Аргентина (ВИДЕО)

Следно

Пожарот во Лондон е ставен под контрола

Latest from Blog

Баражи за СП: Босна „гори“, ќе игра на Светско, пеналите ја носат и Чешка на Мундијал (ВИДЕО)

Босна слави! Италија не успеа да ја преживее Зеница и повторно не успеа да обезбеди пласман на Светско. Босанците ја победија четата на Џенаро Гатузо по подобро изведување на пенали, откако по

Пакистан и Кина го претставија мировниот план за Блискиот исток во пет точки

Кина и Пакистан објавија план од пет точки за „враќање на мирот и стабилноста во регионот на Персискиот Залив и Блискиот Исток“. Планот произлезе од денешниот состанок на министрите за надворешни работи

ВМРО-ДПМНЕ: Дали некој ќе понесе одговорност за работењето на СЈО?

ВМРО-ДПМНЕ со остра реакција упати серија обвинувања кон поранешни обвинители поврзани со поранешното Специјално јавно обвинителство, повикувајќи ги, како што наведуваат, да се соочат со сопствената одговорност пред да реагираат за најавеното
Go toTop