Финансиската полиција за четири месеци спречила штета од над 300 милиони денари

December 30, 2024
1 min read

Во изминатиот период од четири месеци, Управата за финансиска полиција, постигна значајни резултати во областа на своето делување, особено во поглед на започнатите постапки и завршените пријави поради сомнеж за сторени кривични дела.

„Можеби најважната работа за нас како Управа е реализацијата на поведени постапки и завршени пријави поради сомнеж за сторени кривични дела. Во периодот од четири месеци откако сум на оваа функција, од вкупно 34 пријави за 2024 година поднесени до Основното јавно обвинителство и Основно јавно обвинителство за сузбивање на организиран криминал и корупција, со вредност
од 614 396 321 денари, поднесени се 22 пријави, со вредност од 305 897 467 денари оштетување на државниот буџет, односно пари на граѓаните кои се даночни обврзници. Во овие постапки беа опфатени сите кои се огрешиле пред законот, независно дали биле или се највисоки функционери или стопанственици, кои одлучиле да ја измамат државата“, вели в.д. директорот на Управата, Слободан Ивановски.

Во насока на зголемување на ефикасноста на работата на Управата, во изминатиот период беа преземени неколку значајни чекори за модернизација и дигитализација на процесите.

Извршена е обука на вработените и започната е практичната примена на ДМС системот, кој ќе обезбеди целосна евиденција во електронска форма и ќе донесе поголема сигурност во сите чекори на постапките.

Овој систем ќе овозможи брзо и прецизно следење на сите постапки и документи, како и поголема транспарентност во работењето на Управата.

Дополнително, направена е нова систематизација и воведени се нови Одделенија за конфискација, кои ќе ја подобрат оперативната работа и ќе се фокусираат на предмети од оваа област, што ќе овозможи побрза и поефикасна конфискација на нелегално стекнатите средства и имот.

Управата, исто така, склучи меморандуми за соработка со Централниот депозитар, Министерството за внатрешни работи и Бирото за јавни набавки. Оваа соработка ја дигитализира комуникацијата помеѓу овие институции, што ќе обезбеди побрза, поефикасна и транспарентна размена на информации и
документи.

Во периодот што следи, Управата за финансиска полиција ќе продолжи да дејствува професионално и неселективно, посветена на постигнување уште поуспешни резултати во борбата против финансискиот криминал.

ИЗВОР: ТВ 21

VERO JUMBO MACEDONIA

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

Претходно

За маркетите, фризерите и козметичарите можно е да се укине недела неработен ден

Следно

ДПИ ќе провери дали е постапено по заклучоците за случајот со приредбата во училиштето во Челопек

Latest from Blog

Катица Јанева излезе од „Идризово“, доби условен отпуст

Поранешната специјална јавна обвинителка Катица Јанева од понеделникот е на условен отпуст и го напушти затворот „Идризово“, откако издржуваше дел од седумгодишната затворска казна изречена во предметот „Рекет“, објави СДК. Како што

ЗК Пелагонија со „АгроЕкоСтаница“ ги отвора вратите за зелени вештини и паметно земјоделство

Центарот за обука на ЗК Пелагонија отвори уникатна можност за идните, но и за постоечките земјоделци, ученици и студенти да учат од реални примери, да предвидуваат ризици, да применуваат современи технологии и

Евровизија пропаѓа: Уште еден победник го враќа трофејот поради учеството на Израел (ВИДЕО)

Откако победникот на Евровизија 2024, Немо, јавно објави дека го враќа својот победнички трофеј на Европската радиодифузна унија (ЕБУ), друг победник на Евровизија одлучи да го стори истото. Тоа е ирскиот пејач

ФОТО: Дали имате природен магнетизам? Првото нешто што го забележувате открива дали…

Овој интересен визуелен тест ја користи перцепцијата како забавен начин за да ѕирнете во вашиот внатрешен свет. Ве повикува да истражите како вашите први импресии од една едноставна слика може да ги
Go toTop