Филмот „Анора“ триумфираше на годинешните Оскари со пет освоени статуетки

March 3, 2025
3 mins read

Во театарот „Долби“ во Лос Анџелес се одржа 97. церемонија на доделување на филмските награди Оскар. Фаворитите беа филмовите „Емилија Перез“, „Бруталист“, „Конклава“.

Филмот на Жак Одијар „Емилија Перез“ доби 13 номинации за Оскар. Филмот за промената на полот на мексикански трговец со дрога кој станува жена доби најмногу номинации, пред „Бруталист“, приказна за животот на еден еврејски имигрант и мјузиклот „Злобница“ кои добија по десет номинации. Со 13 номинации за Оскар и награда на Канскиот филмски фестивал, „Емилија Перез“ стана филм од неанглиското говорно подрачје со најмногу номинации во историјата на Оскарите.

Биографскиот филм за Боб Дилан „Целосно странец“ и трилерот за Ватикан, „Конклава“ добија по осум номинации. Пет номинации за Оскар доби уште еден француски филм, „Супстанца“ во режија на Корали Фаргеат, во кој Деми Мур игра поранешна холивудска ѕвезда зависна од серум за подмладување. 

Церемонијата започна со традиционалното дефиле на црвениот тепих, како номинираните, поранешните оскаровци и гостите го презентираа нивниот избор на облека за церемонијата. На Оскарите им беше оддадена почит на пожарникарите кои се бореа со пожарите што го зафатија Лос Анџелес во јануари и поради тоа номинациите за Оскар беа објавени на интернет и два пати беа одложувани. Оваа година, новитет беше што оскаровците не држеа говори подолги од 45 секунди. Водител на церемонијата за прв пат беше комичарот Конан О’Брајан.

Најглавните шест категории оние за главна машка и женска споредна и главна улога, режија и најдобар филм. Како презентери се појавија Мајли Сајрус, Морган Фримен, Килијан Марфи, Вупи Голдберг, Квентин Тарантино, Ема Стоун, Мег Рајан, Били Кристал, Џон Лигтоу.

Оскарот за главна машка улога го доби Адријан Броди го доби вториот Оскар за аргитектот во филмот „Бруталист“, а во 2002 година стана најмладиот актер кој освоил Оскар за главна улога за филмот „Пијанист“. Во категоријата најдобра женска главна улога Оскарот го доби Мајки Медисон за „Анора“.

За споредна машка улога Оскарот го доби Киран Колкин за улогата во „Вистинска болка“, помладиот брат на Меколи Калкин, јунакот на филмот „Сам дома“. Кај жените тгриумфираше Зое Салдања која го доби Оскарот за најдобра женска споредна улога за мјузиклот „Емилија Перез“.  

Оскарот за најдобра режија го доби Шон Бејкер за „Анора“ кој по трет пат се искачи на сцената и дома замина со четири Оскари, што е голем успех за независната филмска продукција, а Бејкер по четврти пат се искачи на сцената кога неговиот филм „Анора“ триумфираше и во карегоријата најдобар филм што е апсолутен победник на годинешните Оскари со освоени пет златни статуетки.

 

За анимиран долгометражен филм Оскарот го доби „Поплава“, кој беше номинираn и во категоријата најдобар странски филм, Ова е прв филм од Летонија и на Oскарите во кој нема дијалог и на кој се работело пет години. Во категоријата Краток анимиран филм, Оскарот го доби „Во сенката на чемпресот“.

Оскарот за најдобра кинематографија го доби филмот „Бруталист“ кој триумфираше и во категоријата најдобра музика. За најдобри костими беа прогласени оние на Пол Тазвел во филмот „Злобница“ и тој е првиот афроамериканец кој добил Oскар во оваа категорија.

Најдобар документарен долгометражен филм е филмот „Нема друга земја“, драма направена од палестински и израелски активисти. За документарен краток филм Оскар доби „Единствената девојка во оркестарот“. 

За најдобар странски филм, Оскарот го доби бразилскиот филм „Се уште сум тука“

Најдобра шминка и фризура имаше филмот „Супстанца“.

Најголемо оскаровско изненадување е што како презентер на Најдобра песна се појави Мик Џегер, фронтменот на „Ролинг стоунс’, а Оскарот за најдобра песна го доби „Ел Мал“ од филмот „Емилија Перез“.

За најдобар продукциски дизајн Оскар доби филмот „Злобница“. Најдобар краток игран филм е „Не сум робот“, а во оваа категорија номиниран беше и хрватскиот филм „Човекот кој не можеше да молчи“. Најдобар звук имаше филмот „Дина, втор дел“, чиј прв дел истотака освои Оскар во истата категорија пред три години. Филмот доби Оскар и за најдобри специјални ефекти. Најдобро адаптирано сценарио е за филмот „Конклава“, а за оригинално сценарио доби филмот „Анора“, кој Освои Оскар и за најдобра монтажа.

Посебна почит му беше одадена на легендарниот музичар Квинси Џонс, првиот црн музичар номиниран за Оскар за најдобра музика преку омажот на Квин Латифа со презентерките Вупи Голдберг и водителката Опра Винфри. Тимот Мајкл Вилсон и Барбара Броколи, продуцентите на серијалот на филмот за Џемс Бонд добија почест на сцената со изведба на песните „Скајфол“, „Живеј и остави други да умрат“ и „Дијамантите се вечни“, во годината кога се очекува да соопштај кој ќе го замени Даниел Крег во улогата на најславниот таен агент 007.

Посебна почит беше одадена и на сите филмски работници кои не напуштија минатата година, а делот In memoriam го презентираше Морган Фримен.

Веднаш по оскаровската вечер, се одржа и гувернерскиот бал, каде имињата на победниците се гравираа на статуетките.

Извор: 24vesti.mk

VERO JUMBO MACEDONIA

EVN MACEDONIA

AUTO SHKOLLA BEKO

MATINA DENTAL CLINIC

Претходно

Лука Карабатиќ стави крај на репрезентативната кариера

Следно

Добитници на Оскар 2025: Еве кој си замина дома со статуетката

Latest from Blog

СКОРО ПА И ГИ НЕМА: „МАЛИ ШАНСИ“ за косовската влада предводена од Коњуфца

Шансите Глаук Коњуфца, премиерот назначен од претседателот Вјоса Османи, да ја формира новата Влада на Косово се чинат минимални. Со обединетата поранешна опозиција околу идејата за нови избори, вториот обид на движењето

ЛШ: Барса чудно, но преживеа во Белгија, Интер и Сити со нови победи (ВИДЕО)

Изненадувањето на вечерта во Лигата на шампионите се случи во Белгија, каде екипата на Бриж одигра 3:3 со Барселона,но реално имаше сериозни шанси и за победа. Домашните трипати водеа, Барселона трипати израмнуваше,

Муцунски: Не е само прашањето на уставни измени, прашањето е кои се гаранциите што ќе ги добие државата за предвидливоста на нејзиниот пат напред

Главната порака што ја добивме од Брисел е дека геополитичкиот контекс и налага на ЕУ да го интерпретира процесот на проширување како процес на унификација на Европа којшто покрај економско има и

Мицотакис и Нетанјаху телефонски разговарале за текот на спроведувањето на првата фаза од мировниот договор за Газа

На ситуација во Газа се осврна и портпаролката на грчкото МНР Лана Зохиу на денешниот редовен брифинг одговарајќи на новинарско прашање и посочи дека за Грција главен приоритет е да се одржи

ЛШ: Челзи се „коцкаше“ и едвај извади реми со Карабах, Пафос победи за историја (ВИДЕО)

Уште на стартот на денешните пресметки во Лигата на шампионите бевме сведоци на две изненадувања. Карабаг и Челзи одиграа нерешено 2-2 во Баку, додека Пафос го победи Виљареал со 1-0 во Лимасол.
Go toTop