Филмаџиите бараат посебен буџет за телевизиски серии, надвор од буџетот за филм и нов закон за филм

November 1, 2023
1 min read

На барање на филмските професионалци (режисери и продуценти), денеска во Кинотека на Македонија се одржа конструктивна средба со министерката за култура, Бисера Костадиновска-Стојчевска. На средбата се разговараше за дефинирање на буџетот за филм за претстојната 2024 година и конечна стандардизација на годишниот буџет за филм, како стабилна ставка во државниот буџет. Филмаџиите и министерката разговараа и за донесување на посебен буџет за телевизиски серии, надвор од буџетот за филм, а посебен акцент беше ставен и на неопходноста од донесување на нов закон за филм според европски стандарди.

Министерката Костадиновска-Стојчевска истакна дека максимално ќе се заложи и во соработка со директорот на агенција за филм, Бојан Лазаревски ќе ги вложи сите напори за реализација на првично проектираната ставка во буџетот од 5 милиони евра и максимално ќе се потруди да нема кратења на буџетот за филм за следната година. Покрај тоа, министерката за култура вети дека ќе се заложи и за донесување на посебен буџет за телевизиски серии, кој нема да го загрози буџетот за филм, како и дека наскоро ќе биде донесен нов закон за филм според потребите на филмските професионалци и во согласност со современите текови.

Филмските професионалци предложија ставката за финансирање од буџетот на државата да биде по глава на жител или процентулно од буџетот, односно како расте буџетот на државата, така да се зголеми и филмскиот буџет. Според нив, постојаните кратења на буџетот за филм не се повеќе прифатливи, посебно во време на инфлација, кога државниот буџет расте, а филмскиот буџет се намалува и крајно време е веќе ваквата нелогичност да биде надмината.

Покрај тоа, филмските режисери и продуценти сметаат дека актуелниот Закон за филм донесен во 2014 година не е во согласност со начелата на филмската дејност и не им одговара на филмаџиите по многу основи и дека веќе подолго време се залагаат за донесување на нов Закон со кој би се стандардизирал националниот буџет за филм и конечно би се решил статусот на филмските работници.

 

Republika.mk – содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

ИЗВОР: republika.mk

VERO JUMBO MACEDONIA

EVN MACEDONIA

MARKETING

Претходно

Албанската опозиција повикува на утрешната собраниска седница да биде разгледан нивниот предлог за член во ДИК на следните избори

Следно

Запад веќе не може да го излаже светот

Latest from Blog

Да се почитуваат препораките на ИЈЗ кога постои евентуален ризик од загадување на воздухот и од штетни материи

Да се внимава на симптоми како кашлица, отежнато дишење, главоболка или иритација на очите, носот и грлото и секој што ги забележува овие симптоми веднаш да побара медицинска помош. Лицата со респираторни

Битола ќе добие нова енергија – ВМРО-ДПМНЕ ја откри советничката листа!

ВМРО-ДПМНЕ и Коалицијата ја претставија својата советничка листа за Битола, нагласувајќи дека нудат комбинација од континуитет, искуство и свежа енергија за новата голема победа. „Остануваме посветени на Битола, продолжуваме искрено, вредно и
Go toTop