Филков: Потребно е освежување на Комисијата за помилување

October 25, 2024
1 min read

Институтот помилување е многу битна работа во државата. Не смееме да дозволиме да биде предмет на дневнополитички игри и препукувања, а нас тоа ни се случува. Еднаш веќе осудени лица теба да ги пратиме на ресоцијализација. Не можеме повторно да ги судиме во јавноста, изјави денеска министерот за правда Игор Филков одговарајќи на новинарски прашања во врска со помилувањето затвореници, по посетата на Казнено поправниот дом од отворен вид Струга.

Тој појасни дека Министерството за правда не помилува, туку може да даде само препорака за намалување на казната од еден до шест месеци. Потоа, додаде, таа препорака оди кај Претседателката, односно кај Комисијата. Министерството, нагласи, има еден член и тој нема право на глас, односно не гласа.

Како министер за правда забележа дека е потребно освежување на Комисијата која носи одлуки за помилување.

Во однос на препукувањата на релација Вишо Републичко обвинителство и Државниот виш обвинител, кажа дека е во тек со случувањата.

– Будно ја пратиме работата, но во овој момент навистина не би имал што да коментирам. Да почекаме да видиме што ќе се случи, изјави Филков.

ИЗВОР: kurir.mk

VERO JUMBO MACEDONIA

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

Претходно

Лисица во потрага по храна сред Сараево

Следно

Тошковски: Ги реновираме просториите за издавање лични документи во Скопје, ќе понудиме побрзи и поефикасни услуги

Latest from Blog

Николоски: Ратификацијата на Договорот за тунелот на Коридор 8 го зајакнува поврзувањето со Бугарија

Денес Народното Собрание на Република Бугарија го ратификуваше Договорот за изградба на меѓуграничен железнички тунел на Коридорот 8, со што се исполнети сите услови за доизградба на железничкото поврзување помеѓу Скопје, Софија

Коњановски најави нови програми за основците во Младинскиот центар Битола

Градоначалникот на Битола, Тони Коњановски денеска имаше средба со директорите на основните училишта од Битола. Средбата се одржа во просториите на Младинскиот центар со цел негова промоција како место што младите можат

Инфлацијата се стабилизира – Трошоците за живот бележат пад во јануари 2026

По повеќемесечниот притисок врз семејните буџети, најновите податоци од Државниот завод за статистика (ДЗС) за јануари 2026 година конечно носат вести кои граѓаните со нетрпение ги очекуваа. Статистиката потврдува дека спиралата на

Чаир добива нов лик: Меџити најави реконструкција на улицата „Ферид Мурат“

Градоначалникот на Општина Чаир, Изрт Меџити, заедно со градоначалникот на Град Скопје, Орце Ѓорѓиевски, денеска го најавија почетокот на еден од најзначајните инфраструктурни проекти во општината – целосната реконструкција на улицата „Ферид
Go toTop