Филков од Будвa: Потребни се напори во изнаоѓање на решенија кои ќе соодветствуваат на развојот на дигиталната технологија

October 29, 2024
1 min read

Министерот за правда Игор Филков учествуваше на дводневниот министерски форум ЕУ-Западен Балкан за правда и внатрешни работи кој се одржува во Будва.

На форумот беше реафирмирана силната регионална посветеност и блиската соработка за правда и за внатрешни работи.

Европската унија и Западен Балкан разговараа за неодамнешните случувања во врска со дигитализацијата на правдата и остварија размена на мислења за можностите и главните предизвици на потенцијалот за користење на интероперабилни решенија и нови дигитални технологии, вклучително и вештачката интелигенција. Европската унија обезбеди ажурирање за тековните дискусии во ЕУ, меѓу другото и за напорите за дигитализација на правосудните системи и за електронските докази. Учесниците беа информирани и за Рамковната конвенција на Советот на Европа за вештачка интелигенција и човекови права, демократија и владеење на правото. 

На вториот ден од форумот посветен на правда, министерот Игор Филков во своето обраќање се осврна на две теми ,,Правдатa во дигитална ера” како и ,,Прекуграничната соработка во кривичната материја помеѓу партнерите од Западен Балкан”.

,,Со оглед на огромното значење на дигитализацијата во 21 век, евидентно е дека е нужно да се изнајдат начини како да се воспостави е-правда која пред се ќе биде инфраструктурно поддржана, но и во функција на остварување на загарантираните човекови права и владеењето на правото. Заради тоа, потребни се напори во изнаоѓање на решенија кои ќе соодветствуваат на развојот на дигиталната технологија vis a vis зајакнувањето на правосудниот систем.

Република Северна Македонија ги препозна предизвиците и можностите кои доаѓаат со дигиталната трансформација, што е и пресликано во  Национална Стратегија за информатичко-комуникациска технологија 2023-2027. Во делот на правдата, во рамките на Министерството за правда е развиена Стратегија за дигитализација во правосудството за периодот 2019-2024.

Секако, во оваа транзиција се соочуваме и со многу предизвици. Потребни се дополнителни инвестиции во технолошка опрема и обука на кадрите, за што несомнено е потребна финансиска и инфраструктурна поддршка. Неопходно е и да се осигураме дека сајбер-безбедноста е на највисоко ниво, за да ги заштитиме податоците и правата на сите граѓани”, рече министерот Филков.

Министерот за правда Игор Филков се осврна и на прекуграничната соработка во кривичната материја. Посебен акцент беше ставен на законските измени за заштитата на правата на жртвите во прекугранични случаи, надоместокот на штета како и соработката на нашата држава преку Европравда.

На маргините на дводневниот министерски форум ЕУ-Западен Балкан за правда и внатрешни работи кој се одржа во Будва, министерот за правда Игор Филков оствари три  билатерални средби , со Еврокомесарот за правда  Дидие Рејндерс и со министрите за правда на Унгарија, Бенце Тузсон  и на Црна Гора, Бојан Божовиќ.

ИЗВОР: ТВ 21

MARKETING

MARKETING

Претходно

Николоски за грчки Катимерини: Да одиме напред со заеднички проекти кои ќе ги зближат двете земји уште повеќе

Следно

Петок е неработен ден за граѓаните од католичка вероисповед

Latest from Blog

Уапсен охриѓанец осомничен за грабнување – барал пари за ослободување на семејство

На 18.05.2025 во 00.50  часот на булевар „Туристичка“ во Охрид, полициски службеници од Свр Охрид го лишија од слобода А.Д.(33) од Охрид, кој се сомничи дека сторил кривично дело „грабнување“ по член

ПЛИКОА И РАЗГЛЕДНИЦИ СО 66 НАРОДНИ ХЕРОИ ОД НОБ ИЗДАДЕ СОЈУЗОТ НА ФИЛАТЕЛИСТИ ЗА 75-ГОДИШНИОТ ЈУБИЛЕЈ

Пликови и разгледници со ликовите на 66 народни херои издаде Сојузот на филателистите на Македонија, како дел од повеќегодишниот филателистичко-историски проект „Народните херои од Народноослободителната борба од Македонија 1941-1945“. Димитар Белчев, претседател

Момче од ресенско возело со 2.38 промили алкохол во крвта и без возачка

Дваесет и седумгодишник од ресенскиот регион возел со 2.38 промили алкохол во крвта и без возачка дозвола, информираат утрово од Министерството за внатрешни работи. – Рано изутрина во 2:18 часот, полициски службеници

Земјотрес во Охрид, Струга и околината

Утринава во 5 часот и 7 минути и 5 часот и 16 минути регистрирани се земјотреси чии епицентри потекнуваат од епицентралното подрачје Пештани- Охрид -Струга, на околу 100 км југозападно од Скопје,
Go toTop