Филипче за заемот од Унгарија: За прв пат некој друг ќе ни кажува која фирма ќе ги земе провизиите

September 11, 2024
1 min read

Лидерот на СДСМ, Венко Филипче смета Законот за кредитот од Унгарија се носи по скратена постапка за да нема доволно време за дискусија, ниту за анализа од страна на експертите. Вели дека речиси цела недела законот се криел од јавноста.

– Зошто на шверцерски начин се обидуваат да го протнат во Собрание? За жал, констатираме и дека од авион се гледа корупција во овој закон. Имено, како никогаш досега, една фирма која ќе биде одговорна за провизиите, ја назначува унгарската банка која ги дава парите. Тоа никогаш не било случај во нашата земја – секогаш кога имало меѓународна куќа, таа била позната и ја обезбедувала државата, со цел да се заштити. Сега некој друг ни кажува кои адвокати и која фирма ќе ги земе тие провизии. Сметам дека е голем корумписки проект кој веќе влегува во законска процедура. Генерации и генерации ќе плаќаат камати…Внимателно ќе следиме кои ќе бидат фирмите од Унгарија одговорни за провизиите, рече Филипче при промоцијата на воведувањето електричен градски превоз во Струмица и приградските средини.

Извор: 24vesti.mk

VERO JUMBO MACEDONIA

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

Претходно

Бојан Миовски во топ 100 ѕвезди на трансфер листите ова лето

Следно

Прва претседателска дебата Харис – Трамп

Latest from Blog

Кенгур брутално претепа човек: Му се нафрли на кучето, а потоа ме удри по лицето (ВИДЕО)

Жртвата била однесена во болница со повреди кои, според медиумските извештаи, би можеле да бидат „споредливи со сериозни повреди од сообраќајна несреќа“. „Излезе како ракета“ Според Кол, кенгурот излегол од водата и

Изет Меџити му честиташе на Албин Курти за изборот на новата влада во Косово

Во пресрет на 18-годишнината од независноста на Косово, земјата влезе во ново политичко поглавје со формирањето на Владата „Курти 3“. По тој повод, Изет Меџити упати честитка до Албин Курти за неговиот

Ван Дајк му донесе победа на Ливерпул!

ФОТО:facebook.com/LiverpoolFC/ Ливерпул го победи Сандерленд со 1:0 на гостински терен, додека Кристал Палас, и покрај водството од 2:0, загуби од Барнли – 2:3 на Селхерст Парк. Херој во победата на Ливерпул беше

Ван Дајк му донесе победа на Ливерпул!

ФОТО:facebook.com/LiverpoolFC/ Ливерпул го победи Сандерленд со 1:0 на гостински терен, додека Кристал Палас, и покрај водството од 2:0, загуби од Барнли – 2:3 на Селхерст Парк. Херој во победата на Ливерпул беше
Go toTop