Филипче: За само сто дена Владата ја заглави државата, за платите се потсмеваат со граѓаните

October 15, 2024
1 min read

„За само сто дена смет Владата ја заглави државата. Дојдоа на Власт со една лажна кампања во која ветуваа дека ќе поништеле меѓународни договори, па потоа дека дека ќе ги почитуваат, дека ќе зголемуваат плати, а престанаа со зголемување на платите, Мицкоски и владата наследија средена држава“, истакна претседателот на СДСМ Венко Филипче во интервју за ТВ Сител.

Филипче посочи дека во однос на платите, и покрај ветувањата дека ќе има зголемување, на просветните работници платата им се зголемува  само 5 %, а требаше да биде 12% согласно нашиот план согласно колективниот договор.

„И тие 5% се добиени под притисок на СДСМ и на јавноста. Под притисок барање на просветните работници кои воопшто не се задоволни од тие 5%. Истиот тој синдикат и министерката за образование кога, ние нудевме зголемување на 10% таа повикуваше на штрајк и бараше владата да ги зголеми платите за 18% што значи дека има двојни стандарди и дека има едно сериозно лицемерие“, рече Филипче во интервјуто.

Министерката за образование и наука и министерката за финансии се однесуваат со потсмев кон просветните работници се однесува со еден потсмев.

„Министерката за финансии вчера излегува и кажува не треба да се зголемат платите на здравствените работници односно на лекарите. Доволно им биле зголемени во изминатиот период. Прво благодарност што ја потврдува нашата добра политика и зголемувањето на платите на здравствените работници, само тоа е и сигнал лекарите да одат да работат во приватни болници или да заминат од државата“, предупреди Филипче.

Претседателот на СДСМ реше дека мора континуирано владата да го задржи тренд на зголемување на платите на сите работници и за на раст на просечната плата која сега за прв пат после седум години една намалена за 1000 денари.

„Ние просечната плата во најголемите кризи ја зголемивме на 42 000 денари. Сега најавуваат некакво зголемување вкупно 46% во образованието на рати. Ние во најголемите кризи, со неколкукратно поголема инфлација, платите во тој сектор ги зголемиме за над 50% што значи дека не е чесен и отворен пристапот и сметам дека зголемувањето на платите како тргнала владата ќе ги прави само во пресрет на изборните циклуси и со тоа ќе ги држи сите работници по различни струки само како заложници. Сметам дека тоа ние е фер и искрен пристап кон сите работници во државата. Не можеме ние да бидеме рај на евтина работна сила зошто тоа бевме во времето на минатото“, нагласи Филипче во интервјуто за ТВ Сител.

ИЗВОР: racin.mk

VERO JUMBO MACEDONIA

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

Претходно

Сообраќајот на Плетвар се одвива по една лента поради опожарено возило

Следно

Мицкоски: Германските стопанственици гледаат огромен потенцијал во Владата, очекуваме да се реализираат големи инвестиции

Latest from Blog

Денес е Преподобен Патапиј

Роден е е и воспитан во верата и во страв Божји во Тива Мисирска од благоверни родители. Рано ја увиде и ја презре суетата на овој свет и се оддалечи во Мисирската

Нештетно уништени 22,3 тони киви за преработка

Поради променети органолептички својства и утврдено присуство на ларви и инсекти, инспектор за храна на Агенцијата за храна и ветеринарство, неделава забрани увоз на киви наменети за индустриска преработка, соопшти Агенција за

Фото: Најбараната манекенка има ново момче? Тој е 18 години постар од неа

Познатата манекенка од кланот Кардашијан – Џенер, атрактивната Кендал е една од омилените членови на семејството Кардашијан Џенер, веројатно поради нејзиниот пристап кон животот и работата. 30- годишната Кенедел, за разлика од

Видео: Принцезата Леонор од Шпанија го направи првиот независен воен лет

Принцезата Леонор од Шпанија го направи својот прв самостоен лет како дел од воената обука на Општата авијациска и вселенска академија (AGA) во Сан Хавиер, каде што веќе четири месеци е на теоретска и практична обука
Go toTop