Филипче: Владата ги понижи работниците, наместо да ги исполни ветувањата

August 25, 2024
1 min read

Има големо разочарување од првите месеци од работата на Владата на ВМРО-ДПМНЕ, а најразочарани се работниците кои се надевале на повисоки плати од новата Влада, рече претседателот на СДСМ, Венко Филипче за време на посетата на Берово.

-Се сретнав со работници, со млади и возрасни. Кај сите нив има огромно разочарување од првите месеци на Владата. Најразочарани се работниците и оние кои со многу труд и чесно ги заработуваат парите. Тоа се оние за кои седум години СДСМ обезбедуваше пари за повисоки плати и ги штитеше во кризи. Тие се надевале на подобар стандард и повисоки плати од новата Влада, но по само два месеци на сите им е јасно дека се враќа политиката на понижување на работниците, рече Филипче.

ВМРО-ДПМНЕ ги лажеше граѓаните во кампањата дека ќе има повисоки плати, но веднаш откако седнаа во фотелјите го покажаа вистинското лице, додаде тој.

-Влада која одбива да ги покачи платите е Влада која не се грижи за луѓето. Едноставно ВМРО-ДПМНЕ ја враќа политиката на евтина работна сила. Сметам дека покачувањето на платите ќе се користи само за изборен поткуп кога ќе им требаат гласовите на луѓето пред избори. Ова се политиките од пред 2016 година. Верувам дека граѓаните нема да дозволат два пати да бидат излажани и понижени. Тоа денес го видов и го слушнав од луѓето и силно верувам дека ваквите политики нема да добијат поддршка, рече Филипче.

Разликата меѓу СДСМ и ВМРО-ДПМНЕ е тоа што СДСМ ги покачуваше платите континуирано и се грижеше за стандардот на работниците, на граѓаните, потенцираше претседателот на СДСМ.

СДСМ останува партнер на работниците. Ги покачивме платите за преку 50%, во обазованието преку 55%. Но најважно, тоа го направивме за сите и обезбедивме трајни решенија и колективни договори, рече претседателот на СДСМ, Венко Филипче денеска од Берово.

ИЗВОР: racin.mk

VERO marketi

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

Претходно

Сообраќајот се одвива непречено, на ГП Табановце зголемена фреквенција на возила

Следно

Жан Пјер Симеон, добитник на „Златен венец“: Поезијата обединува

Latest from Blog

Во кои европски земји се намали, а во кои се зголеми продажбата на куќи?

Во изминатите две години, бројот на продадени куќи во Хрватска драстично се намалил. Како што објави во понеделник европската статистичка служба Евростат, минатата година продажбата на куќи во ЕУ се зголеми во

Меџити: Чаир се гради со работа, а не со зборови

Градоначалникот на Општина Чаир, Изет Меџити, порача дека летниот период се користи за забрзување на инфраструктурните проекти и завршување на работите со што помалку пречки за граѓаните. „Летото не е сезона за

Самит на НАТО во Анкара: Европа го засилува вооружувањето, Украина останува во фокусот

Пораката како што посочи генералниот секретар на Алијансата Руте е дека потребна е модернизација на одбранбените капацитети, во време кога заканите стануваат се покомплексни и понепредвидливи. Алијансата како што оцени тој е

Николоски: Од една точка ќе се добиваат услуги од 15 институции за побрз увоз, извоз и транзит

Националниот Едниошалтерски Систем претставува еден од најзначајните проекти за дигитализација и модернизација на постапките со увозот, извозот и транзитот на стоки. Неговата цел е да обезбеди единствена електронска платформа преку која компаниите
Go toTop