Филипче: СДСМ оди на победа во Крива Паланка за уште еден мандат со Сашко Митовски

August 29, 2025
1 min read

Претседателот на СДСМ Венко Филипче порача дека СДСМ оди на победа во Крива Паланка со градоначалникот и кандидат на СДСМ за уште еден мандат Сашко Митовски

Сметам дека Сашко заслужува да биде изгласан од граѓаните на Крива Паланка, истакна Филипче.

-Крива Паланка е, би рекол, единствен град во државата кој претрпе целосна трансформација за време на неговиот мандат. Средени и асфалтирани улици, осветлени и безбедни места, паркови за деца, реконструирани училишта, спортски сали, средено корито на реката, убав плоштад на којшто може да се прават настани, рече Филипче.

Претседателот Филипче додаде дека Сашко е прототип за тоа како треба да изгледа еден градоначалник – чесен, работлив, отворен за сите, не прави дискриминација по ниту една основа, најмалку партиска.

-Верувам дека на изборите во октомври нема да победи само Сашко и СДСМ, туку тоа ќе биде една голема победа за сите граѓани на Крива Паланка, порача претседателот на СДСМ Венко Филипче.

Извор: zurnal.mk

VERO marketi

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

Претходно

Партнерот на Ана Николиќ проговори од душа: МЕ МАНИПУЛИРАШЕ, МЕ ПРЕТВОРИ ВО ЛИЧЕН РОБ

Следно

Пецаков од Охрид: Стартува акцијата Предложи! Вистинската идеја за вашата општина – собираме идеи од граѓаните кои ќе бидат дел од нашата програма за модерен Охрид

Latest from Blog

Дортмунд ги казни грешките на Арсенал и си замина дома со трофеј

ФОТО:.facebook.com/BVB Борусија Дортмунд го победи англискиот шампион Арсенал со 3-2 на домашен терен во пријателски натпревар и со тоа го освои Емирати Купот. Натпреварот на стадионот „Емирати“ започна подобро за гостите, кои

Нетанјаху го отфрла планот на Трамп за Газа

Неговата изјава доаѓа една недела откако американскиот претседател Доналд Трамп објави значителен напредок во разговорите. Одборот за мир (BoP) на Трамп потоа презентираше нов план од 15 точки, кој треба да воспостави

Без струја делови од Тетово, Теарце и Рогачево

Поради планирани прекини во електро-дистрибутивната мрежа, во понеделник (10 август) без електрична енергија привремено ќе останат делови од Тетово, Теарце и Рогачево. Според најавата, во Рогачево прекинот е планиран од 09:00 до

Радост која што ќе завршеше трагично (ВИДЕО)

Малку треба за голем проблем, а тоа на своја кожа најдобро го почувствува капитенот на Коритиба, Јаси Маранјао, тимот од Бразил во дуелот со Чапекоенсе. Тој постигна гол пред полувремето, и во

СУШАТА ЈА ТРЕСЕ ЕНЕРГЕТСКАТА БЕРЗА – Цената на струјата скокна над 700 евра за мегават-час

Цената на електричната енергија на берзите во Југоисточна Европа скокна над 700 евра за мегават-час, откако сушата го намали производството од хидроелектраните и нуклеарните централи, а екстремните топлотни бранови дополнително ја зголемија
Go toTop