Филипче денеска со конкретен предлог за лидерска, ВМРО-ДПМНЕ ваквиот потег го смета како обид тој да го крене сопствениот рејтинг

May 26, 2025
3 mins read

Лидерот на СДСМ за денеска најави дека ќе излезе со конкретен предлог за она што би се разговарало на лидерската средба, додека од ВМРО-ДПМНЕ вчера излегоа со став дека нема потреба од нова лидерска средба која ја гледаат како обид на претседателот на СДСМ да го крене сопствениот рејтинг. 

За денеска во 11 часот е закажана седница на Националниот совет за евроинтеграции со кој претседава Филипче, а на дневен ред е Статусот на реализација на Реформската агенда на Република Северна Македонија (2024-2027).

Филипче во саботата во изјава за медиумите дадена во Охрид рече дека партијата е подготвена да работи заеднички со останатите чинители за доброто и напредокот на државата и дека мора да се откочи евроинтегративниот процес за да може младите да останат во државата и да се работи на унапредување во многу области за да се подобри животот на граѓаните.  

– Веќе во понеделник ќе дадам конкретен предлог за што треба лидерите на најголемите политички партии да разговараат, затоа што јасни се пораките од ЕУ. Додека чекаме и не правиме ништо е губење време. Младите тоа го гледаат единствено како стимул за иселување. Никој повеќе од младите генерации нема да ја гледа иднината тука во Македонија ако ние не го откочиме тој евроинтегративен пат, заеднички да работиме на унапредување во многу сфери што ќе го направи животот и подобар и поквалитетен, рече лидерот на СДСМ.

Валентин Манасиевски, член на Централниот комитет на ВМРО-ДПМНЕ вчера на прес-конференција во седиштето на партијата рече дека нема потреба од нова лидерска средба затоа што таква имало пред еден мнесец.

– Првенствено би сакале Венко Филипче да не ги користи приликите за лидерска средба за да си го крева рејтингот. Лидерска средба имаше пред само еден месец и сметаме дека нема потреба за истото. Доколку Филипче сака да си прави средби со своите коалициони партнери може да го напарви тоа со Али Ахмети, со Таравари или со Димиче Апасиев, бидејќи тие се исти луѓе со исти вредности, рече Валентин Манасиевски, член на Централниот комитет на ВМРО-ДПМНЕ на вчерашната прес-конференција.

Заменик – претседателот за добро владеење Арбен Фетаи кој е дел од коалицијата „Влен“, вчера на прес-конференција рече дека немаат добиено покана за лидерска, но ако добијат, ќе ја разгледаат. 

– Средбите на лидерско ниво се традиција во нашата земја. Се случија за време на владеењето на Груевски, за време на владеењето на Заев и за време на владеењето на Ковачевски. Уште една средба се одржа и за време на оваа владеење. Јас лично сè уште не сум добил покана. Доколку има таква покана, треба да ја разгледаме. Но, јас го гледам ова на ниво на рамки на нормалата за креирање политики во нашата земја. Албанските партии се состануваат на ниво на лидери кои соработуваат едни со други. Истото го прават и македонските партии. Ќе видиме, рече Фетаи.

Премиерот Христијан Мицкоски во саботата на одбележувањето на Денот на сесловенските просветители во Охрид повика на единство, порачувајќи дека „не сме премногу да се двоиме и не сме пресилни за да се разединуваме“. 

– Замислете позиција каде ќе бидеме единствени, едногласни за најважните прашања, нешто што реално не случило овие 30 години. Замислете позиција каде нема да се делиме пред надворешните фактори, нема да паѓаме во нивните очи преку математиката на броење на прозападни и происточни крвна зрнца, каде ќе ги искористуваме сите шанси кои ни ги дава историјата за приклучок кон големите процеси на европско и светско ниво. Замислете позиција каде власта и опозицијата ќе делуваат единствено, нема да имаме внатрешни процепи, каде секој политички чинител, своите слабости и неподдршка од народот нема да ја надопоолнува преку попусливост пред меѓународниот фактор. Притоа морам да кажам дека судбината и шансата на малите народи е да се пронајде на мудар начин во интересите на големите играчи на политичката сцена. Тоа е единствениот начин на кој можеме да опстоиме. И ова добро мора да го запаметат и оние од опозицијата кога го напаѓаат договорот за стратешко партнерство со Обединетото Кралство – па кажуваат дека долгот ќе се зголемел поради инвестициите, па лагата дека мигранти ќе се носеле, само за да издејствуваат некој политички поен за себе. Едноставно, и во историска и во секоја друга смисла не вреди таквата реторика, и се прави штета на државата, подвлече Мицкоски.

Посочи дека како држава повеќе од 30 години се соочуваме со надворешни напади, блокади и негирања на нашиот јазик и идентитет и дека нашето постоење на овие простори многумина не ги прави среќни.

Филипче и Мицкоски имаат средба минатиот месец кога се договорија да се формираат работни групи кои ќе работат на усвојување на реформската агенда и законите во делот на правосудството, енергетиката и здравството.

Извор: 24vesti.mk

VERO JUMBO MACEDONIA

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

Претходно

Саутемптон го собори рекордот во Премиер лигата по најмногу порази во една сезона.

Следно

Партијата на Мадуро со убедлива победа на парламентарните избори во Венецуела

Latest from Blog

Рубио откри дека се уште се утврдува местото за преговори со Иран- Турција и дефинитивно отпаѓа

Рубио, исто така, на прес-конференција изјави дека иранската влада претходно се согласила на формат за состанокот во петок во Турција, но се чини дека се предомислила, објави Ројтерс. Рубио додаде дека специјалниот

Состанок во Влада за Реформската агенда: Фокус на конкретни чекори за унапредување на институционалната ефикасност и владеењето на правото

Во Владата вечерва се одржал состанок за Реформската агенда, информира премиерот Христијан Мицкоски. -Вечерва одржавме состанок посветен на реформската агенда, со фокус на конкретни чекори за унапредување на институционалната ефикасност, владеењето на

Директорот на Идризово: Има изживување, силување, но и љубов меѓу затворениците

Гостин во „Претрес со Ландов” е генерал мајор Зоран Јовановски-Челик, директор на КПУ Идризово.Тој отворено говори за лошите услови во затворот, иако има подобрување. Како Управа од властите овие 3 години бараат

(ВИДЕО) Омерагиќ: ФФМ инвестира во модерен фудбалски амбиент: Националната арена доби LED екран од 210 метри

Фудбалската федерација на Македонија (ФФМ) ја реализираше својата најнова инвестиција – сопствен ЛЕД екран долг 210 метри, со цел подобрување на искуството за публиката, зголемена видливост за партнерите и создавање дигитален фудбалски
Go toTop