Филхармонијата со демант на Отвореното писмо на диригентката Дијана И. Илкоска

January 10, 2025
4 mins read

Од НУ Филхармонија на Република Северна Македонија пристигна демант на текстот „Скандал: Филхармонија ѝ забрани влез на Дијана Имери Илкоска и ја остави на улица диригентката од светски глас“, објавен на ден 09.01.2025 година.

Во продолжение е текстот на демантот:

„Неосновани, невистинити, неаргументирани и паушални се наводите, кои авторката на текстот Дијана Имери Илкоска ги навела во текстот објавен врз основа Отворено писмо на диригентката Дијана И. Илкоска, поради следните причини:
Дијана Имери Илкоска во објавениот текст наведувајќи ги нејзинитеавтобиографски податоци и изнесувајќи ги личните наводи дека е преквалификувана за работното место кое го извршувала во НУ Филхармонија изоставила да го наведе фактот дека во ниту еден момент не била присилена да го напушти работно место наставник на неопределено време (во ДМ БУЦ Илија Николовски – Луј Скопје) и да прифати да биде ангажирана на работно место на определено време. Тој избор го
направила самоволно, како што и самата наведува.

Оттука, мораме да потенцираме дека во ниту еден момент од страна на НУ Филхармонија или било кој вработен не ѝ било ветено дека тој работен однос ќе биде трансформиран од определено во
неопределено време. Со ова сакаме да потенцираме дека авторката на текстот знаела или требала да знае дека договорот за вработување на определено време, може да престане да важи со изминување на временскиот рок за кој истиот е склучен и при тоа установата нема законска обврска да понуди нов договор, односно договор за продолжување на работниот однос.

Во насока на ова согласно член 77 – в од Законот за културата (текст на законот кој бил во важност во 2022 година) работното место нототекар, како и останатите 3 места од делот на продукција и помошно техничкиот персонал предвидено е да се засноваат на неопределено време. Непознато е зошто тогашната директорка решила и се согласила да ги спроведе огласите на определено и покрај укажувањата на правната служба на установата, дека истото е противзаконско. Сметаме дека
целиот овој проблем произлегува токму од овој клучен минат момент, а сегашното раководство истиот само го наследува и го решава во рамките на законот.

Исто така, мораме да укажеме дека она што е напишано во демантираниот текст, досега неколку пати било предмет на дискусија меѓу авторката на текстот и установата. На Дијана Имери Илкоска во повеќе наврати ѝ е објаснето која е причината и законската регулатива по која не ѝ е продолжен работниот однос. Исто е аргументирано и во рамките на постапката по поднесената тужбата која таа ја има против работодавачот, за трансформација на работен однос. Но, од објавениот текст можеме да заклучиме дека за неа ниту еден одговор/ аргумент не е валиден, бидејќи тој не е во нејзин личен интерес.

На позицијата на која беше ангажирана Дијана Имери, нототекар, во минатото  бил вработен еден извршител. Во времето кога таа била ангажирана на оваа работна позиција, од 01.07.2022 година до 31.12.2024 година бројката се искачила на три извршители, а при тоа и немало реална потреба за тоа, бидејќи немало значително зголемување на бројот на концерти во текот на сезоната.

Во делот од текстот кој се однесува на трансформација на нејзиниот работен однос од определено време во неопределно време врз основа на одредбата од членот 46 став 3 од ЗРО, од авторката на текстот поднесена е тужба и сметаме дека во моментов судот е тој кој треба да утврди дали наведените услови во споменатиот член се исполнети или не. Секако, НУ Филхармонија на РСМ како правен субјект кој е активен во правниот промет во државата, има законска обврска да постапи по пресудата која во иднина ќе биде донесена од страна на судот. Во меѓувреме, сметаме дека секое изнесување на факти и образложување на ставови врзани за предметот на тужбата, дали преку медиуми, портали или социјални медиуми, нема да вроди со плод, е непотребно, беспредметно и бесцелно.

Установата навремено поднела барање за продолжување на финансиската согласност за 2025 година за работното место нототекар, кое го извршувала авторката на екстот. Но, тоа не ја докажува трајната потреба од нејзино вработување во установата, туку потребата за продолжување на нејзиниот договор евентуално за уште една година.

Причината поради која работното место нототекар не е предвидено во Годишниот план за вработувања за 2025 година е утврдена во Законот за вработени во јавниот сектор и Методологијата за начинот на пополнување на плановите за вработување, каде јасно и недвосмислено е наведено дека работните места кои се пополнети со договори за врботување на опредeлено време не треба да се впишуваат во годишните планови за вработување. Дополнително, тоа е план за вработувања кои треба да се реализираат во следната година и не е логично да се
впишуваат работни места кои веќе се пополнети.

Неточни и неосновани се наводите дека тоа е причината поради која барањата за продолжување на согласностите се отфрлени од страна на надлежните институции поради тоа што работното место не било впишано во годишниот план за вработување за 2025 година. До денес во установата не е пристигнат ниту еден допис или било какво писмено известување во кое истото е наведено. Впрочем, не ни е познато врз основа на кои докази или информации, авторката на текстот истото го тврди.

Секако, разбирливо е дека на секое лице на кое му престанува работниот однос во одреден правен субјект, потребно е да му се ограничи пристапот во деловните простории на работодавачот, при тоа во ниту еден момент на авторката на текстот не ѝ беше забрането да пристапи до објектот и да си ги подигне своите лични предмети.

Сметаме дека изнесените ставови во демантираниот текст се лично мислење на авторката на текстот и се во насока на повреда на интегритетот и угледот на установата, како и на лицата кои работат во неа.

Во врска со концертот „Севда“ кој се одржа на ден 16.02.2023 година, кој авторката на текстот го сработила со „волја и љубов“ сакаме да посочиме дека за истиот примила хонорар во износ од 123.000,00 денари во нето износ. Исто така, за дополнителните ангажмани кои ги работела надвор од описот и пописот на работното место, покрај погоре споменатиот надомест, на неколку наврати ѝ биле исплатени нето износи од 123.000,00 денари и два пати по 61.500,00 денари.“

Бараме од Вашиот медиум да го објави овој демант согласно законските прописи и Етичкиот кодекс на новинарите.

Со почит,
НУ Филхармонија на РСМ

ИЗВОР: racin.mk

VERO JUMBO MACEDONIA

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

Претходно

ДУИ: СДСМ избра да го искористи бранот албанофобија, по патот на ВМРО-ДПМНЕ

Следно

ВМРО-ДПМНЕ: Филипче е синоним за смрт во здравството

Latest from Blog

На Зимските олимписки игри ќе нема агенти на ICE- заканите со протести ги одвратија

Ниту еден агент на американската Служба за имиграција и царинска контрола (ICE) не ја обезбедува американската олимписка делегација на Зимските олимписки игри Милано-Кортина, изјави денес за новинарите висок безбедносен службеник на Олимпискиот

На чичко Драги од Рекорд му е потребна помош: Го чекаат две операции, се наоѓа во болница

Драги Паровски, познат како Чичко Драги од Рекорд, повеќе од 30 години продава дре­бу­лии на својата тезга кај „Рекорд. По операцијата на рак на грло која ја имаше пред неколку години, чичко

Словенија најавува забрана за социјални мрежи за деца под 15 години

Словенечката влада усвои насоки за измени на законот со кои би се ограничило користењето на социјалните мрежи за деца помлади од 15 години, пренесе словенечката агенција СТА. Вицепремиерот Матеј Арчон изјави дека

Димитриеска Кочоска: Буџетските реформи ја зајакнуваат финансиската стабилност

Министерката за финансии Гордана Димитриеска Кочоска заедно со премиерот Христијан Мицкоски и членовите на Владата оствари средба со амбасадорите на земјите членки на Европската Унија, на која се разговараше за спроведувањето на

Под истрага е директорот на Светскиот економски форум поради поврзаност со педофилот Епштајн

Организаторот на самитот во Давос, со седиште во Женева, изјави дека ги испитува информациите од Министерството за правда на САД кои покажуваат дека Бренде имал три деловни вечери со Епштајн и комуницирал
Go toTop