ФИФА го турка најконтроверзниот ВАР предлог за Светското првенство

December 3, 2025
1 min read
фото: fifa.com

ФИФА планира да воведе голема промена во користењето на ВАР на СП 2026 – проверка на секој доделен корнер. Иако фудбалските работници и првенствено ИФАБ ја одбија идејата во октомври, највисоката светска организација не се повлекува и сака новото правило да го тестира токму на најголемата фудбалска сцена.

Според BBC Sport, ФИФА инсистира толкувањето на корнерите да биде вклучено во ВАР протоколите на Мундијалот во САД, Канада и Мексико. Домашните лиги ширум светот веќе предупредија дека вакво проширување може драстично да го продолжи времето на прекини и да ја „раскине“ динамиката на играта.

Иако ИФАБ го стопираше предлогот, постигната е согласност ВАР да се користи за проверка на погрешно доделени жолти картони кои можат да доведат до исклучување – но за корнерите ќе треба глобално тестирање пред можно усвојување.

Колина е „за“
Пјерлуиџи Колина, првиот човек на судиите во ФИФА, силно ја поддржува идејата, потсетувајќи на финалето на ЕП 2016, кога погрешна одлука за игра со рака ѝ донесе опасен слободен удар на Португалија.

Како би изгледало новото правило?
Секој корнер би морал да биде проверен пред изведување, бидејќи судијата не смее да ја смени одлуката откако играта ќе продолжи. Тоа значи повеќе стопирања, повеќе чекање и уште поголем притисок врз ВАР судиите.

Очите на фудбалската јавност сега се вперени во јануарскиот состанок на ИФАБ. Дали оваа реформа ќе добие зелено светло или ќе остане уште една спорна ВАР идеја – допрва ќе се види.

Извор: vecer.mk

VERO JUMBO MACEDONIA

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

Претходно

Можни глобални доцнења: Ербас проверува 600 авиони за сомнителни панели

Следно

„Ербас“ ја намалува целта за испорака на авиони за 2025 година на 790

Latest from Blog

Пронајдени остатоци од исчезнатиот авион во Индонезија – потрагата по патниците сè уште е во тек

Индонезиските власти денеска потврдија дека се лоцирани остатоците од надзорниот авион кој исчезна вчера со 11 лица. Потрагата по патниците и екипажот во планинскиот регион на провинцијата Јужен Сулавеси и понатаму е

Стојаноски: Филипче и Заев преку институции под нивна команда, сакале за багателна цена да ја земат клиниката Жан Митрев

Филипче и Заев сакаа да ми ја земат болницата – вака др. Митрев на гостување во емисија на национална телевизија обвини за груба злоупотреба на власта, од страна на Венко Филипче и

Wolt ја започна кампањата „Зима на Wolt+“ – три недели ексклузивни попусти за сите членови на Wolt+

Скопје, 17.01.2026) – Водечката платформа за достава во Македонија, Wolt, ја започна новата промотивна кампања, Зима на Wolt+, наменета за сите постоечки и нови корисници на претплатата на Wolt+. Во текот на

Денеска е Водокрст – навечерие на Богојавление

На 18 јануари, ден пред празникот на Крштението на Господ Исус Христос во реката Јордан – Богојавление, Црквата се подготвува за големото торжество што ја очекува следниот ден. Затоа, поради важноста на
Go toTop