Фидан: Во тек се подготвителни активности за средба меѓу турскиот и американскиот претседател

April 13, 2025
1 min read

АНТАЛИЈА (АА) – Турскиот министер за надворешни работи, Хакан Фидан, денес соопшти дека во тек се подготвителни активности за средба меѓу турскиот претседател Реџеп Таип Ердоган и американскиот претседател Доналд Трамп, известува Анадолу.

„Во тек се активности за да се утврди дали таков состанок ќе се одржи во САД или Туркије“, им соопшти министерот Фидан на новинарите на Дипломатскиот форум во Анталија, чијшто глобален комуникациски партнер е Агенција Анадолу.

Фидан информираше дека претседателот Ердоган има намера да ја посети и Сирија.

„Работиме на соодветните услови, датум и место“, рече министерот Фидан.

Турскиот министер истакна дека овогодинешното 4. Дипломатски форум во Анталија бил многу продуктивен.

„Бевме домаќини на вкупно 6.000 учесници од 155 земји, од кои 21 шеф на држави и влади и 64 министри и други претставници“, соопшти министерот Фидан.



На веб страницата на Anadolu Agency (AA) објавена е само дел од содржината на вестите од Системот на проток на вести (HAS). За целосната содржина на вестите ве молиме контактирајте нè за претплата.

Извор: Anadolu Agency (AA)

VERO JUMBO MACEDONIA

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

Претходно

АА: Дури и трагедиите се злоупотребуваат за да се удира врз Албанците, ова е неправда дури и кон жртвите од Кочани

Следно

Тошковски: Досега истрага против 45 физички и три правни лица

Latest from Blog

Израел го елиминира шефот на иранското разузнување- откриени се деталите за убиството среде Техеран

Врз основа на прецизни разузнавачки информации од военото разузнавање, воздухопловните сили извршија ноќен напад во Техеран и го елиминираа Маџид Хотам-Хасини Хадеми, шеф на разузнавачката организација на Револуционерната гарда, објави израелската војска

Станковиќ: Владата ги намали акцизите за горивата, преку конкретни мерки го штити стандардот на граѓаните

„Дизелот на светските берзи се зголеми над 10 отсто. Интервенцијата на Владата, со намалување на 4 денари за акцизата по литар дизел придонесе да не биде многу повисока цената од онаа која

Сања Божиновска учествува во разговори за енергетска соработка со САД

Министерката за енергетика, рударство и минерални суровини, Сања Божиновска, е дел од македонската делегација која учествува на Стратешкиот дијалог во Соединетите Американски Држави, платформа за продлабочување на партнерството меѓу двете земји. Во

Лукаревска: Потребни се итни антикризни мерки и политички консензус за ценовниот шок

Пратеничката на СДСМ, Сања Лукаревска, во вечерашната „Топ Тема“ истакна дека опозицијата навремено предложила сет антикризни мерки за справување со растот на цените на горивата и инфлациските притисоци, нагласувајќи дека тие треба
Go toTop