Фидан: Туркије очекува САД да ги решат билатералните прашања од претходната администрација

January 24, 2025
1 min read

АНКАРА (АА) – Туркије очекува новата американска администрација да ги реши проблематичните билатерални прашања кои произлегоа од постапките на претходното раководство и во потполност да ја реализира соработката меѓу двете земји, изјави денес турскиот министер за надворешни работи Хакан Фидан, известува Анадолу.

„Очекуваме новата администрација да ги реши проблематичните прашања, особено санкциите како оние воведени во рамките на CAATSA, кои беа пренесени од претходната администрација, и да го отклучи целосниот потенцијал на соработката меѓу Туркије и САД“, рече министерот Фидан на заедничката прес-конференција по средбата со високата претставничка за надворешна политика и безбедност на Европската унија (ЕУ) Каја Калас во Анкара.

Фидан нагласи дека Анкара очекува промени во американската политика кон регионот и Туркије по промената на администрацијата, но додаде дека двете земји имаат „взаемни стратешки односи, а очекувањата се независни од владејачката партија и идеологијата“.

Шефот на турската дипломатија ги истакна клучните точки, вклучувајќи ги и меѓусебните загриженост за безбедноста, подобрувањето на економските односи, соработката во сите области и заедничката работа за решавање на регионалните прашања што ја засегаат Туркије.

Тој го истакна недостатокот на ‘соодветна чувствителност’ за безбедносните грижи на Туркије, особено во Сирија и Ирак, и погрешните постапки што доведоа до недостаток на доверба и тензија.

„Понекогаш гледаме дека политика во САД и внатрешните интереси држеа одредени димензии на односите меѓу Туркије и САД за заложноци. Тоа е реалноста на животот. Ќе го надминеме тоа и ќе продолжиме понатаму“, додаде Фидан.

– Односите Туркије – ЕУ

Министерот Фидан рече дека членството во ЕУ е ‘стратешка цел’ за Туркије, нагласувајќи ја потребата унијата да претстави нова визија за членство во блокот од 27 земји.

Тој истакна дека некои земји во ЕУ го користеле прашањето за членството на Туркије како алатка за постигнување на домашните цели, што довело до ‘одредени геостратешки загуби’ за двете страни.

Фидан ја нагласи важноста од обновувањето на дијалогот и соработката со ЕУ, вклучително и ажурирање на Царинската унија и напредок во визната либерализација.

– Регионални и глобални прашања

На средбата со Калас, Фидан изјавил дека дипломатијата е единствено решение за траен и праведен мир во Украина.

Зборувајќи за Газа, Фидан го повика Израел целосно да го почитува прекинот на огнот и апелираше до меѓународната заедница да и им даде приоритет на хуманитарната помош и обновата на палестинската енклава.

Во врска со Сирија, тој ја истакна важноста на заедничките напори за трансформирање на таа земја во безбедна и стабилна држава, со продолжување на борбата против тероризмот, вклучително и ПКК и ДЕАШ. Министерот Фидан нагласи дека Туркије очекува нејзините партнери да ги прекинат врските со ограноците на терористите на ПКК во Сирија.



На веб страницата на Anadolu Agency (AA) објавена е само дел од содржината на вестите од Системот на проток на вести (HAS). За целосната содржина на вестите ве молиме контактирајте нè за претплата.

Извор: Anadolu Agency (AA)

VERO JUMBO MACEDONIA

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

Претходно

Лоши вести за Баерн, повредата на Дејвис е посериозна од очекуваното

Следно

Пуш-пауза: Катица Јанева сликана пред адвокатска канцеларија (ФОТО)

Latest from Blog

ВМРО-ДПМНЕ: СЈО наместо правда, служело за политички потреби на СДС

Ништо ново на политичката сцена кога е СДС во прашање, само информации за трошење пари на граѓаните, расипништво, непочитување на законите и Уставот, вели ВМРО-ДПМНЕ. „Што е деновиве актуелно од расипништвото на

РУСИЈА РАСПОРЕДУВА ВОЈНИЦИ НА ФИНСКАТА ГРАНИЦА

Финска, членка на НАТО, е еден вид сеизмограф за воените планови на Москва кон Западот, а најновите настани во близина на границата на двете земји предизвикуваат загриженост. Границата долга повеќе од 1.300

Времен сообраќаен режим во Чаир поради градежни работи

Поради изведување градежни активности за изградба на улицата „Лазар Трпевски“ (улица „Ферид Мурат“), од денеска ќе биде воведен времен изменет режим на сообраќај во Општина Чаир. Како што информираат од ГД „Гранит“

Венецуелскиот опозициски лидер ослободен од притвор по осум месеци

Гуанипа, еден од најблиските соработници на опозициската лидерка Марија Корина Мачадо, беше во притвор во главниот град Каракас. „Денес сме ослободени. Има многу да се зборува за сегашноста и иднината на Венецуела,

Минчев: Крај на партизацијата, законот за висока раководна служба воведува мерит-систем

По првичните реакции од јавноста и невладиниот сектор во врска со Предлог-законот за висока раководна служба, министерот за јавна администрација, Горан Минчев, во Дневникот на Сител телевизија, појасни дека станува збор за
Go toTop