Фидан: Не треба да дозволиме тероризмот на кој било начин да го искористи овој транзициски период

December 14, 2024
1 min read

АНКАРА (АА) – Министерот за надворешни работи на Туркије, Хакан Фидан, говорејќи на состанокот за Сирија, одржан во Јордан, рече: „Наредните денови можеби нема да бидат лесни, но како Туркије ќе продолжиме да чекориме рамо до рамо со сирискиот народ“, известува Анадолу.

Министерот Фидан имаше обраќање на состанокот за Сирија што се одржа во Акаба, Јордан.

Фидан му се заблагодари на Јордан што беше домаќин на министерскиот состанок и истакна дека регионот повторно минува низ историски денови.

Потсетувајќи дека на состанокот се разговарало за Сирија, Фидан рече дека сирискиот народ заслужува да живее во безбедност, слобода и просперитет.

Истакнувајќи дека стабилноста на Сирија е исклучително важна и за регионот и за целиот свет, министерот Фидан рече:

„На сите ни треба уреден, инклузивен процес на транзиција предводен од Сиријците“.

Осврнувајќи на важноста за заштита на државните институции во овој период, министерот Фидан изјави дека е потребно да се случат и реформи, кога за тоа ќе дојде време.

– „Малцинствата мора да се почитуваат“

Министерот Фидан истакна дека мора да се зачува интегритетот на Сирија, да се зачува богатата општествена формација на Сирија, да се почитуваат сите малцинства и процесот да се спроведе со единство, взаемен компромис, внимание и грижа.

Посочувајќи на важноста меѓународната заедница да продолжи да ја поддржува Сирија обезбедувајќи ја потребната политичка поддршка и хуманитарна помош, министерот Фидан рече:

„Не треба да дозволиме тероризмот да го искористи овој транзициски период на кој било начин“.

Фидан посочи дека треба да се координираат напорите и да се извлечат поуки од грешките од минатото, истакнувајќи дека секој погрешен чекор може да доведе до нерегуларни миграции.

Посочувајќи дека нападите на Израел врз Сирија мора веднаш да престанат, Фидан продолжи со зборовите:

„Следните денови можеби нема да бидат лесни, но како Туркије ќе продолжиме да чекориме рамо до рамо со сирискиот народ“.

– „Туркије е земја која ги почитува правата на сириските Курди“

По обраќањето, министерот Фидан одговори на едно новинарско прашање.

Нагласувајќи дека Туркије се соочува со терористички закани преку нејзините граници, шефот на турската дипломатија рече:

„Ние сме под закана од Ирак и Сирија. Последните 10 години ПКК се обидува да го искористи хаосот во Сирија, сакајќи да се реструктуира во рамките на организацијата СДФ (Сириски демократски сили). Ќе ги извлечеме од таму и ќе се бориме против тероризмот на ПКК, каде и да сѐ.“

Зборувајќи дека на состанокот разговарале за овие прашања со регионалните и меѓународни партнери, министерот Фидан додаде:

„Туркије е земја која ги почитува правата на сириските Курди“.

Наведувајќи дека сакаат да ги одвојат Курдите во Сирија од терористичката организација ПКК, Фидан нагласи дека ги поддржуваат легитимните претставници на сириските Курди кои ги бранат нивните права во Дамаск.



На веб страницата на Anadolu Agency (AA) објавена е само дел од содржината на вестите од Системот на проток на вести (HAS). За целосната содржина на вестите ве молиме контактирајте нè за претплата.

Извор: Anadolu Agency (AA)

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

VERO marketi

Претходно

Укината забраната за сообраќај за тешки товарни возила на патот Гостивар- Стража

Следно

Руанда кандидат за организација на Формула 1 трка

Latest from Blog

СЛУЧАЈНОСТ ИЛИ НЕШТО ПООПАСНО? Силни потреси во три различни делови од светот

Три силни земјотреси во ист ден ги погодија Јапонија, Венецуела и американската сојузна држава Калифорнија, предизвикувајќи загриженост и прашања дали овие настани се меѓусебно поврзани, пишува CNN. Во Јапонија беше регистриран земјотрес

Бугарското МНР негира дека дистрибуирало дипломатска нота во врска со посетата на семејството на Мицкоски

Бугарското Министерство за надворешни работи негираше дека дистрибуирало дипломатска нота поврзана со посетата на Бугарија на семејството на премиерот, Христијан Мицкоски, објавија бугарските медиуми. „Министерството за надворешни работи не дистрибуираше дипломатска нота

Босна славеше против Катар и со една нога е во следната рунда, Швајцарија заврши прва во групата (ВИДЕО)

Репрезентацијата на Босна и Херцеговина ја победи репрезентацијата на Катар со 3:1 во Сиетл во натпреварот од третото коло од групата Б на Светското првенство. Со оваа исклучително значајна победа, „Змејовите“ направија

Татко монструм бил во врска со својата 18 – годишна ќерка, таа си пресудила, тој доби минимална казна

Стивен Винсент Чавез, 41, се изјасни за виновен во мај за инцест и обезбедување алкохол на малолетник, а оваа недела беше осуден, соопшти канцеларијата на окружниот обвинител на округот Вентура, објави Дејли
Go toTop