Фидан го повика светот да ги спречи гладот и болестите во Газа

January 29, 2024
1 min read

ТИРАНА (АА) – Министерот за надворешни работи на Туркије, Хакан Фидан, предупреди на голема катастрофа во Газа, бидејќи хуманитарната помош е одбиена, апелирајќи до меѓународната заедница за спречување на гладот и појавата на болести меѓу 2-та милиони луѓе кои се држат како заложници, јавува Анадолу.

На заедничката прес-конференција со неговиот албански колега Игли Хасани во Тирана, Фидан рече: „Тоа што хуманитарната помош и медицинските материјали не се дозволени да влегуваат во Газа, моментално е предвесник за една голема катастрофа внатре во енклавата.“

„Бидејќи сме сведоци на загубата на илјадници животи, сега сме соочени со страшната ситуација на Палестинците држени како заложници, кои се борат со непосредната закана од глад и болести“, нагласи тој.

Тој ја повика „меѓународната заедница да преземе превентивни мерки преку различни средства за да се избегнат гладот и епидемиските болести кои можат да ги уништат 2-та милиони луѓе кои моментално се држат како заложници“.

„Илјадници невини цивили продолжуваат да бидат убивани. Се соочуваме со уште едно ниво на трагедија“, додаде тој.

Израел започна немилосрдни воздушни и копнени напади врз Појасот Газа по прекуграничниот напад на Хамас во октомври минатата година.

Во нападите се убиени повеќе од 26.000 луѓе, главно жени и деца, а раселени се 85 отсто од населението на блокираната енклава и создадени се услови за глад.

Меѓународниот суд на правдата, во својата привремена одлука за случајот за геноцид поднесен од Јужноафриканската Република, му нареди на Израел да ги спречи актите на геноцид во Газа и да овозможи обезбедување на итно потребните основни услуги и хуманитарна помош за решавање на неповолните услови на живот со кои се соочуваат Палестинците.

Тел Авив, исто така, треба да поднесе извештај до МСП за сите преземени мерки за да се спроведе оваа наредба во рок од еден месец.



На веб страницата на Anadolu Agency (AA) објавена е само дел од содржината на вестите од Системот на проток на вести (HAS). За целосната содржина на вестите ве молиме контактирајте нè за претплата.

Извор: Anadolu Agency (AA)

VERO JUMBO MACEDONIA

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

Претходно

Израел изведе воздушни напади врз Дамаск, има мртви и ранети

Следно

Родителите на Коста Кецмановиќ – монструмот што уби 9 соученици, се изјаснија за невини

Latest from Blog

ЕУ се премисли во врска со забраната за бензински и дизел мотори

Германија слави победа за своите производители на автомобили откако Европската комисија ја олесни планираната забрана за мотори со внатрешно согорување до 2035 година. Сепак, промената на политиката би можела да се покаже

Во Владата на состанок разгледани тековните приоритети од Реформската агенда

Во Владата денеска се одржал состанок за тековните приоритети од Реформската агенда. -Денеска одржавме неделен состанок на тема реформска агенда. На состанокот беа разгледани тековните приоритети и рокови за спроведување на клучните

КАКО БИ САКАЛЕ ДА УМРЕТЕ?! Праша Reddit а одговите се… богами има и креативни

Неодамна на популарната социјална мрежа Reddit се појави прашање кое ги прави повеќето луѓе да се чувствуваат непријатно, но Србите покажаа неверојатен спектар на емоции преку своите одговори – од длабока поезија

Мистериозна ЖЕНА БО БЕЛО ШЕТА НИЗ БЕЛГРАД, сведоците и медиумите немаат објаснување!

Во текот на ноќта, жителите на Белград беа сведоци на морничави сцени на жена во бело кои се појавуваа на улиците. Снимките од социјалните медиуми документираа необјаснети сцени кои дополнително ја интригираат
Go toTop