Фидан: Ердоган планира разговор со Путин во Казахстан

June 25, 2024
1 min read

Турскиот министер за надворешни работи Хакан Фидан денеска изјави дека турскиот претседател Реџеп Тајип Ердоган планира да се сретне со рускиот претседател Владимир Путин во Казахстан.

Ердоган очекува да разговара со Путин на маргините на самитот на Шангајската организација за соработка на 3-4. јули во Астана.

На дневен ред на преговорите меѓу двајцата лидери ќе се најде ситуацијата во Украина, билатералните прашања и особено изградбата на гасен центар во Турција, објави претходно телевизијата Хабертурк, повикувајќи се на неименувани извори.

„Во наредните денови претседателот најверојатно ќе се сретне со Путин во Казахстан“, изјави Фидан во интервју за Хабертурк. 

Извор: 24vesti.mk

VERO JUMBO MACEDONIA

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

Претходно

Спасена тинејџерката која паднала во дол во близина на Струмица

Следно

Собранието ќе ги пополни местата на пратениците кои станаа министри

Latest from Blog

„Росатом“ евакуираше 163 вработени од нуклеарната централа Бушер во Иран

Нуклеарната централа Бушер неодамна беше погодена, а тоа беше единствената оперативна нуклеарна централа во Иран и во неа работат Руси. Шефот на „Росатом“ Алексеј Лихачев изјави дека околу 300 вработени на компанијата

Земјотрес вечерва ја стресе југоисточна Македонија

Земјотрес со интензитет од III степени според Европската макросеизмичка скала е почвтсвуван вечерва во 20 часот и 8 минути во југоисточните делови на државата, соопшти Сеизмолошката опсерваторија при Природно-математичкиот факултет во Скопје.
Go toTop